Archive for January, 2007
Игуменот Кирил
3. Кириловиот живот во Македонија, по враќањето од Света гора, може грубо да се подели, според местото на неговото подвизување, на два периоди – времето на неговото игуменствување во Марковиот манастир и игуменствувањето во Лешочкиот манастир. Но, на есенцијален план, пред сè на план на неговото дејствување, забележителен е еден непрекинат континуитет. Тој од почетокот, [...]
Filed under: Отец Кирил Пејчиновиќ | 0 Comments
Постојат некои кои имаат различен пристап кон прашањето и го предлагаат примерот со човекот, полагајќи усилија да докажат дека во Христа има една природа [составена] од божество и човештво. Тие се обидуваат да докажат дека како што човекот е наречен „една природа“, иако е составен од различни природи (имено од душа и тело), така би [...]
Filed under: Преводи | 0 Comments
Коливарите
2. Кириловото израснување во семејство, на кое подвигот му бил есенцијален животен импулс, било овенчано со примањето на монашки потстриг и свештеномонашки чин на Света гора атонска во знаменитиот Хиландарски манастир. Таму тој се сретнува со најавтентичниот и најдлабокиот православен подвижнички живот, но и со многубројните искушенија, со кои неговите носители се соочувале низ целата [...]
Filed under: Отец Кирил Пејчиновиќ | 0 Comments
Куса биографија и библиографија
1. Преподобен Кирил Пејчиновиќ е роден во православно христијанско семејство, во Теарце, Тетовско, околу 1770 година. Љубовта кон монашкиот подвиг и образованието ја стекнува често посетувајќи ги македонските манастири, од кои најзначајно влијание врз неговата понатамошна животна определба имал манастирот „Света Пречиста Кичевска“. Заедно со татко му Пејчин, по кого го добил презимето, и со [...]
Filed under: Отец Кирил Пејчиновиќ | 0 Comments
Преподобен Кирил Пејчиновиќ
Темава ја посветувам на отец Кирил Пејчиновиќ - Тетоец, големиот лешочки архимандрит и богомилслител од почетокот на деветнаесеттиот век. Процесот за негова канонизација за светител на Црквата е во тек, при што се надевам дека содржините и коментарите кои следуваат ќе најдат свој удел во него. Објавените текстови кои следуваат претставуваат извадоци од мојата дипломска [...]
Filed under: Отец Кирил Пејчиновиќ | 0 Comments