Вчера во изложбениот простор „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија се одржа изложбата на визуелна поезија „Sanctus“ на митрополитот Методиј Златанов. Беа изложени дела од неговото дваесетгодишно досегашно творештво.
Она што на мене остави силен впечаток (како и секогаш кога станува збор за митрополитот Методиј) беше преоткривањето на огромниот творечки простор и слобода кои Црквата ја дава на копнежниот по креација човек. Православието не е некаква конзервирана вера од минатото – тоа е живо и способно во себе да ги восприми и низ себе да ги преобрази и усоврши сите форми на човечко творештво. Благодарение на ваквите луѓе и настани ќе биде можно да се разбијат бесмислените стереотипи за спротивставеноста помеѓу науката, уметноста, современото од една страна и црковноста од друга. Науката на светите отци нè учи на нешто сосема спротивно на наведениот ригиден став кон христијанската духовност: токму преку Црквата и во Црквата – секое творештво ја добива својата смисла и исполнување, станувајќи вистински принос на Бога и благословено средство на патот кон осветувањето на светот.
Filed under: Уметност | Leave a Comment



No Responses Yet to “Митрополит Методиј Златанов: SANCTUS”