Честит свети Валентин! Современите руски богослови за празнувањето на денот на свети Валентин
Отец Андреј Лоргус – декан на Психолошкиот факултет при Рускиот православен универзитет „Свети апостол Јован Богослов“ – смета дека е можно празнувањето на денот на свети Валентин, како ден на вљубените, да биде прифатено од православната Црква.
Коментирајќи го етикетирањето на денот на свети Валентин како „пагански“ или „комерцијален“ од страна на некои млади православни луѓе – тој вели дека авторите на ваквите ставови се „понесени од стравот, од една страна, и од лицемерието и желбата да се покажат во јавноста, од друга страна. Постои и здрав мотив во ваквиот нивен протест, а тоа е ревноста по нивната православна традиција. Сепак, како што е добро познато, таквата ревност, за жал, не секогаш е водена од разумот“.
Истовремено, отецот се согласи дека големото популаризирање на денот на свети Валентин има комерцијална природа и дека многумина заработуваат големи пари од сето тоа.
Отец Михаил Прокопенко од одделот за надворешно-црковни односи на Московската патријаршија го критикуваше популарниот начин на празнувањето на светителот Валентин.
„Најжалното нешто што ние го гледаме за време на овие денови на тотална опседнатост со валентинските подароци и честитки – е што великиот и таинствен феномен на човечкиот живот, како љубовта или верата, има деградирано во своевиден духовен „fast food“.
Тој напомна дека денешната криза на семејството е објективна реалност и дека една од нејзините причини е фактот што „многумина не можат да пронајдат околу себеси идеали на љубов и семеен живот, врз кои ќе можат да го изградуваат сопствениот живот… Вистинската љубов е неразделна од одговорноста. Таа не е себична и не е амбициозна. Според свети Апостол Павле, таквата љубов не го бара своето, таа не бара причини да се покажува себеси“.
Наставникот по биоетика во московскиот православен хуманитарен универзитет „Свети Тихон“, ѓеконот Михаил Першин, ги повика православните свештеници на 14-ти февруари да го служат молебниот на свети Валентин. „Љубовта е воздишката на Бога во човечкото срце, а вљубеноста е една од нејзините пројави. Ете зошто нема никакви канонски пречки да ги повикаме наштите „валентинизирани“ млади во храмовите, каде ќе можеме да позборуваме со нив за љубовта и да одслужиме молебен на свети Валентин за нејзино умножување“. Отец Михаил вели дека „не се знае дали тој уште додека бил жив се молел за вљубените, но сигурно е дека бил близок со младите“.
Епископот Валентин Интерамнски (+273) е свештеномаченик. Бил убиен во Рим, заедно со троица свои млади ученици, во времето на императорот Аврелијан. Во источната традиција неговиот спомен се празнува на 30. јули, а во западната – на 14. февруари.
Filed under: Христијанска етика и аскетика |
Tags: 14. fevruari, 14. февруари, Андреј Лоргус, Валентин, Лоргус, Михаил Першин, Михаил Прокопенко, Першин, Прокопенко, маченик, празник, празнување, руски богослови, руско богословие, свети Валентин, четиринаесетти февруари, praznik, ruski bogoslovi, sveti Valentin, Valentin, Valentine


Много интересно беше да прочета. За мен празникът така, както се празнува понастоящем е комерсиален, но мисля, че е чудесно да има светец-покровител на любовта в православния календар така да се създаде територия, в която да се осмисля любовта в православната църква. Например Денят на християнското семейство е съвсем различен и има друга роля.