Archive for March, 2008

Последниве денови во Грција беше актуелизирано прашањето за легализацијата на хомосексуалните „бракови“. Формата под која тоа најверојатно ќе биде изведено подразбира договор со кој ќе се регулираат односите и обврските на двајцата „партнери“. Ваквиот договор de jure ќе има статус на замена за институцијата брак… Целава оваа приказна ме стави на мисла за една [...]


Што може да се каже за денешниот однос на припадниците на Еврејската религија кон Црковната историја и конкретно кон онаа историја опишана во Светото писмо на Новиот завет? Независно од тоа колку многу денес се зборува за слобода на искажувањето – сепак во некои средини постојат сериозни тенденции за цензурирање не само на она што [...]


Вчера, по кој знае колку време, ги заслушав песните на Ѓорѓе Балашевиќ – човекот за кого слободно може да се рече дека беше гласот на разумот во безумните југословенски 90-ти. Порано не му обрнував некое особено внимание. Она што во музиката секогаш на прво место ме интересирало биле мелодиите, хармонијата на композициите и сл. – [...]


Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес [...]


(… ;) Една цела редица на свети отци, меѓу кои: свети Григориј Богослов, свети Јован Лествичник, свети Никола Кавасила – расудуваат по прашањето за тоа која е движечката сила во духовниот живот на христијанинот. И сите истакнуваат три – првата и најниската е стравот од Божјата казна, втората и не многу повисока е желбата за награда [...]


(… ;) Не верувам дека треба да се бараат некакви суштински нови решенија – има извонредни примери низ историјата на Црквата од кои има многу-многу што да се научи. Треба просто „да им се следува на отците“. Но – тоа следување на отците, како што силно подвлекува отец Георгиј Флоровски, не смее да биде нивно имитирање. [...]


Да не се лажеме – како одминува времето секоја следна генерација ја доживува Црквата како сè подалечна и подалечна. Не зборувам дека жедта на човекот по Бога почнува да се губи – просто разликата на фрекфенциите помеѓу животот во светот и животот во Црквата сè повеќе и повеќе доаѓа до израз. Каде е проблемот? Дали [...]


Уште пред да се случи прогласувањето на независноста на јужната српска покраина Косово и Метохија – си дадов збор дека барем некои десетина дена по собитието нема да напишам ниту збор по прашањето. Добро е човек малку да земе здив, да остави колку-толку да си легнат работите, па дури тогаш да опсудува и да предлага [...]