Archive for the 'Византиска философија' Category

Целото богомислие на Кавасила буквално дише со духот на паламизмот. Но, Кавасила при тоа не останува на спорната проблематика за божествените енергии – тој ја инкорпорира во својата мисла и продолжува да твори понатаму. Продолжува да твори во духот на истото предание од кое „паламизмот“ (како дискурзивно вообличен одговор на една хетеродиксија) се изнедрил. Тој [...]

Најголемиот дел од податоците кои ги имаме за свети Никола Кавасила и неговото богословие потекнуваат од малиот број студии на православни богослови од втората половина на 20-ти век. Токму ова богословско течение – суштински втемелено врз исихастичката богомислена традиција, а истовремено способно истата да ја благовести со јазикот на современата наука – го карактеризира Кавасила [...]

Четиринаесеттиот век е можеби епохата од постоењето на Источното ромејско царство (технички именувано како Византија) за кој може да се каже дека се наоѓа во центарот на вниманието на философската и богословската византологија од последните 50-тина години. Станува збор за исклучително динамичен период, определен предимно од две големи движења – паламизмот и богословската дебата со [...]

Пред некое време прочитав еден текст на пергамскиот митрополит Јован Зизиулас, кој се бавеше со прашањето за славното filioque. Во него се презентира „помекиот“ став кон проблемот, при што се предочува неговата комплексност и се инсистира на еден непредубеден и повнимателен пристап кон неговото разгледување. Ми остана во сеќавање не занемарливото совпаѓање на изложените [...]

Првата меѓу философските глави на „Источниците на знаењето“ на свети Јован Дамаскин претставува изложување на карактеристичниот однос на византиската мисловност кон знаењето. Длабоко вкоренетата традиција се доживува како основниот простор во кој бива да се развива интелектуалната активност. Разгледувањето на тврдењата изнесени во оваа глава има за цел да ги претстави принципите на византиското поимање [...]