Archive for the 'Свети отци' Category

Текстот е објавен во Премин, број 43/44

1. Основна карактеристика на богословието на преподобен Кирил Пејчиновиќ е бескомпромисната Христоцентричност – во неа сè е осмислено од Богочовекот. Неговата етика, толку истакнувана како единствена значајна тема, е до својата срж втемелена на Каменот, кој нејзините не малобројни проучувачи, толкувачи и критичари едноставно Го отфрлија и ја оставија [...]

Текстот е објавен во Премин, број 41/42

…колку силу имат свјатое причаштение и какво оружие ест на дајвола и какво во оставление грехов бивает и какво соединение с Богом и какво освјаштение, чак и обожение! (Отец Кирил Пејчиновиќ, Огледало)

1. Преподобен Кирил Пејчиновиќ е роден во православно христијанско семејство, во Теарце, Тетовско, околу 1770 година. Љубовта кон [...]

Целото богомислие на Кавасила буквално дише со духот на паламизмот. Но, Кавасила при тоа не останува на спорната проблематика за божествените енергии – тој ја инкорпорира во својата мисла и продолжува да твори понатаму. Продолжува да твори во духот на истото предание од кое „паламизмот“ (како дискурзивно вообличен одговор на една хетеродиксија) се изнедрил. Тој [...]

Најголемиот дел од податоците кои ги имаме за свети Никола Кавасила и неговото богословие потекнуваат од малиот број студии на православни богослови од втората половина на 20-ти век. Токму ова богословско течение – суштински втемелено врз исихастичката богомислена традиција, а истовремено способно истата да ја благовести со јазикот на современата наука – го карактеризира Кавасила [...]

Четиринаесеттиот век е можеби епохата од постоењето на Источното ромејско царство (технички именувано како Византија) за кој може да се каже дека се наоѓа во центарот на вниманието на философската и богословската византологија од последните 50-тина години. Станува збор за исклучително динамичен период, определен предимно од две големи движења – паламизмот и богословската дебата со [...]

12. Токму во „освјаштението“, се содржи суштината на Кириловото просветителството. Светоста, како состојба на богопознание и богоопштење, т.е. како совршена состојба на човековото реално постоење, е воедно и негов извор и смисла. Просветителството на тој начин претставува сведоштво на светот за Светлината – μαρτυρίαν περὶ τοῦ φοτός (Јован 1,7) – за боговидението, за учеството во [...]

11. Евхаристијата е јадро на животот на Црквата – надвор од неа, надвор од заедницата со Богочовекот, не постои и не може да постои никаков живот, туку бавно, но сигурно умирање. Поради тоа, непричестувањето е подеднакво фатално за човекот како и недостојното причестување. Сепак, Бог ги допушта и двете, бидејќи најголемиот дар, кој човекот го [...]

10. Отец Кирил Пејчиновиќ е исклучително јасен и категоричен во однос на прашањето за достојното и недостојното причестување: „Тежко и горко томуа чоеку, што зема причесна какогодер, не се исповедал, не се простил со гаразлие (непријателите), не се покаил от тоа што чинил и мислит пак да чинит“. За него ова е единственото правилно толкување [...]

9. Ваквото принесување (помирувањето) е насочено и кон ближниот, како икона Христова, при што се исполнуваат двете најголеми заповеди за љубовта – кон Бога и кон ближните. „Тие што нас пизмат (мразат) да им простиме… ако се опростимо, да пеемо, ако не се опростимо, ни да пеемо, ни да се радуамо… токо да бегамо без [...]

8. Следниот чекор е помирувањето „со Бога… и со брата своего“, како најважен услов за учество во Светата евхаристија. Самото тоа помирување, реализирано во покајанието и исповедта пред духовникот, подразбира принесување во љубов, при што ќе бидеме подготвени „самите себе и сиот живот на Христа Бога да го предадеме“. „Да се исповедамо на духовника… и на [...]