Archive for the 'Отец Кирил Пејчиновиќ' Category

Текстот е објавен во Премин, број 43/44

1. Основна карактеристика на богословието на преподобен Кирил Пејчиновиќ е бескомпромисната Христоцентричност – во неа сè е осмислено од Богочовекот. Неговата етика, толку истакнувана како единствена значајна тема, е до својата срж втемелена на Каменот, кој нејзините не малобројни проучувачи, толкувачи и критичари едноставно Го отфрлија и ја оставија [...]

Текстот е објавен во Премин, број 41/42

…колку силу имат свјатое причаштение и какво оружие ест на дајвола и какво во оставление грехов бивает и какво соединение с Богом и какво освјаштение, чак и обожение! (Отец Кирил Пејчиновиќ, Огледало)

1. Преподобен Кирил Пејчиновиќ е роден во православно христијанско семејство, во Теарце, Тетовско, околу 1770 година. Љубовта кон [...]

12. Токму во „освјаштението“, се содржи суштината на Кириловото просветителството. Светоста, како состојба на богопознание и богоопштење, т.е. како совршена состојба на човековото реално постоење, е воедно и негов извор и смисла. Просветителството на тој начин претставува сведоштво на светот за Светлината – μαρτυρίαν περὶ τοῦ φοτός (Јован 1,7) – за боговидението, за учеството во [...]

11. Евхаристијата е јадро на животот на Црквата – надвор од неа, надвор од заедницата со Богочовекот, не постои и не може да постои никаков живот, туку бавно, но сигурно умирање. Поради тоа, непричестувањето е подеднакво фатално за човекот како и недостојното причестување. Сепак, Бог ги допушта и двете, бидејќи најголемиот дар, кој човекот го [...]

10. Отец Кирил Пејчиновиќ е исклучително јасен и категоричен во однос на прашањето за достојното и недостојното причестување: „Тежко и горко томуа чоеку, што зема причесна какогодер, не се исповедал, не се простил со гаразлие (непријателите), не се покаил от тоа што чинил и мислит пак да чинит“. За него ова е единственото правилно толкување [...]

9. Ваквото принесување (помирувањето) е насочено и кон ближниот, како икона Христова, при што се исполнуваат двете најголеми заповеди за љубовта – кон Бога и кон ближните. „Тие што нас пизмат (мразат) да им простиме… ако се опростимо, да пеемо, ако не се опростимо, ни да пеемо, ни да се радуамо… токо да бегамо без [...]

8. Следниот чекор е помирувањето „со Бога… и со брата своего“, како најважен услов за учество во Светата евхаристија. Самото тоа помирување, реализирано во покајанието и исповедта пред духовникот, подразбира принесување во љубов, при што ќе бидеме подготвени „самите себе и сиот живот на Христа Бога да го предадеме“. „Да се исповедамо на духовника… и на [...]

7. „Светата тајна на принесувањето“ (А. Шмеман) е основната тема во контекст на расправата за крвната жртва. „Во наша вера најголем курбан леб и вино и литургија“[1]. Но за да стигне до ваквото преобразено значење на терминот курбан, отец Кирил ги исклучува сите негови хетеродоксни семантички елементи. Тоа го прави постепено. Затоа на почетокот на [...]

6. Но ниту просветителството, ниту теологијата, според отец Кирил Пејчиновиќ, не завршуваат тука. Теологијата за него секогаш претставува словење за вкусениот Бог – не постои богословење надвор од богопознанието, и тоа богопознание реализирано во сета своја плирома – во вкусувањето и причестувањето со телото и крвта на воплотениот Логос Божји. Просветителството нема никаква смисла ниту [...]

5. Основна карактеристика на богословието на игуменот Кирил Пејчиновиќ е бескомпромисната Христоцентричност – во неа сè е осмислено од Богочовекот. Неговата етика, толку истакнувана како единствена значајна тема, е до својата срж втемелена на Каменот, кој нејзините не малубројни проучувачи, толкувачи и критичари едноставно Го отфрлија и ја оставија да „лебди во воздух“. Во овој [...]