Archive for the 'Современо богословие' Category

(… ;) За жал, постои и втора варијанта, не помалку присутна во современото (па и не толку современото) православие. Наједноставно може да се окарактеризира како безрасудливо имитирање на западното христијанство (присвојување на готови шеми од Западот). Ваквиот пристап се согледува, на пример, во „православниот барок“, хетерофоничното црковно пеење, но и во обредноста и односот кон богословието. [...]

Ако е точно тврдењето на многубројните православни отци дека Хростос е над Истокот и Западот, од каде тогаш толку често сретнуваната безрезервна самоидентификација на православието со идејата за Истокот, доживеан како своевиден негатив на Западот? Како да постои некаква пубертетска зависност од христијанскиот Запад. Пубертетска – затоа што е по правило „контрашка“. Формулата за „пресметување“ [...]

Во последно време доста често за предмет на повеќе дискусии на тема „православие“ беше поставуван таканаречениот „равенски инцидент“. Би сакал прво да предложам неколку основни податоци и разграничувања во врска со настанот, со цел да се избегнат непотребните недоумици и забуни. На равенските преговори помеѓу православната и римокатоличката комисија во октомври 2007 се случуваат две [...]