Archive for the 'За животот на Црквата' Category

19Apr09

Христос воскресна! Навистина воскресна!
Христос Воскресе! Воистину воскресе!
Ηριστός ανέστη! Αληθός ανέστη!
Christus resurrexit! Vere resurrexit!
Christus ist auferstanden! Wahrhaft auferstanden!
Christ is Risen! Indeed, He is Risen!


Христос се роди!

Раѓањето Твое, Христе Боже наш,
го озари светот со светлина на знаењето;
во неа пак, оние што им служеа на ѕвездите
од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,
Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,
Господи, Слава Ти.

Рождество Твоè, Христè Боже наш,
возсия мùрови свет рàзума:
в [...]


Можеби ова што сега ќе го напишам ќе изгледа противречно на напишаното во претходниот текст. Сепак, го прземем тој ризик, за да не се случи некои работи да останат недоречени. „Човекот е она што го јаде“ – и колку да не би му се бендисала на Фоербах веќе широко распространетата православна интерпретација на овие негови [...]


Попладнево препрочитав еден текст што пред околу половина година го пишував за свети Никола Кавасила. Во текстот, покрај останатото, стои следново:

Растеретен од потребата самиот да ја нагласува својата втемеленост врз преданието (како што тоа го прави мнозинството од византиските отци), тој на секоја страна на неговите главни богословски дела Животот во Христа и толкувањето [...]


Уште пред да се случи прогласувањето на независноста на јужната српска покраина Косово и Метохија – си дадов збор дека барем некои десетина дена по собитието нема да напишам ниту збор по прашањето. Добро е човек малку да земе здив, да остави колку-толку да си легнат работите, па дури тогаш да опсудува и да предлага [...]


Христос се роди!
Честит Божиќ и Нова Година на сите!

Christ is born!
Merry Christmas and Happy New Year to all!


Деновиве обрнав малку повеќе внимание на формирањето на листата на врски кон сродни страници и блогови (blogroll) на Дигиталниот Ареопаг. Открив неколку исклучително добри блогови (претежно на американски православни автори). Сега за сега ќе споделам два од нив (за останатите ќе си дозволам уште малку време убаво да ги разгледам): Teologia Pentru Azi на отец [...]


Наидов на нешто многу-многу интересно и за мене сосема ново: православна Црква со западен обред. Долго време имам размислувано зошто покрај „источните“ литургии на свети Јован Залтоуст, свети Василиј Велики, или помалку познатата на свети апостол Јаков – никаде не се спомнуваат чисто православните литургии, кои во вековите пред големиот раскол се служеле на [...]