Archive for the 'Современо богословие' Category

Понекогаш навистина е интересно да се пратат статистиките на блогот. Можно е да се видат не само бројот на дневни посетувања, туку и посетеноста на секоја тема поединчено, како и клучните зборчиња кои посетителите на блогот ги користеле во пребарувачите за да стигнат до некој од текстовите објавени на блогот. Така, на пример, често има [...]


Satisfactio!

13Aug08

Во овој краток текст ќе се позанимавам со знаменитото „Satisfactio“ на Анзелмо Кентербериски. Лишен од било какви претензии од текстов да направам некаква „православна апологија“ на Анзелмовите сотириолошки согледувања, просто ќе се обидам да предложам едно „малку поразлично“ видување за истите. При тоа би ги земал предвид ставовите на современите православни богослови кон нив, како [...]


Од 21. до 27. јули 2008 година во градот Елена (Бугарија) се одржа Европската дипломска школа за античка и средновековна философија (EGSAMP), на која учествуваа триесет професори, асистенти, докторанти и магистранти од Германија, Франција, Белгија, Италија, Бугарија и Македонија. Темата на школата беше „Природата и уметноста – меѓукултурниот европски дијалог во касното средновековие“ (Natur und [...]


(…) За жал, постои и втора варијанта, не помалку присутна во современото (па и не толку современото) православие. Наједноставно може да се окарактеризира како безрасудливо имитирање на западното христијанство (присвојување на готови шеми од Западот). Ваквиот пристап се согледува, на пример, во „православниот барок“, хетерофоничното црковно пеење, но и во обредноста и односот кон богословието. [...]


Ако е точно тврдењето на многубројните православни отци дека Хростос е над Истокот и Западот, од каде тогаш толку често сретнуваната безрезервна самоидентификација на православието со идејата за Истокот, доживеан како своевиден негатив на Западот? Како да постои некаква пубертетска зависност од христијанскиот Запад. Пубертетска – затоа што е по правило „контрашка“. Формулата за „пресметување“ [...]


Во последно време доста често за предмет на повеќе дискусии на тема „православие“ беше поставуван таканаречениот „равенски инцидент“. Би сакал прво да предложам неколку основни податоци и разграничувања во врска со настанот, со цел да се избегнат непотребните недоумици и забуни. На равенските преговори помеѓу православната и римокатоличката комисија во октомври 2007 се случуваат две [...]