Archive for the 'Христијанска етика и аскетика' Category

Во овој текст би сакал да споделам неколку размислувања во врска со „анархистичките протести“ кои во изминатиот период ја потресоа Грција. Не би се занимавал со социјалната или политичката позадина на овие настани, туку интересот примарно би го насочил кон духовно-психолошкото рамниште. Каква е причината што овие млади луѓе, во потресно голем број, излегуваат на [...]


Многубројни свети отци зборуваат за три нешта кои го поттикнуваат христијанинот на подвижнички живот: стравот од вечната казна, надежта на вечното блаженство и – љубовта. Свети Јован Летвичник вели дека првите две стапала се корисни само за почетниците, но дека целта е подвизувањето поттикнато од чистата љубов кон Христа. Свети Никола Кавасила предложува еден [...]


Понекогаш навистина е интересно да се пратат статистиките на блогот. Можно е да се видат не само бројот на дневни посетувања, туку и посетеноста на секоја тема поединчено, како и клучните зборчиња кои посетителите на блогот ги користеле во пребарувачите за да стигнат до некој од текстовите објавени на блогот. Така, на пример, често има [...]


Низ иглени уши влегоа Германците во полуфиналето на ЕП во фудбал! Турците душата им ја извадија – покажаа страшно добра игра и само малку фалеше да победат…
Очигледно е дека, дури и еден фудбалски аналфабет, како што се доживував самиот до пред неколку дена, ќе се навлече на целата работа кога ќе се најде во Германија [...]


(…) За жал, постои и втора варијанта, не помалку присутна во современото (па и не толку современото) православие. Наједноставно може да се окарактеризира како безрасудливо имитирање на западното христијанство (присвојување на готови шеми од Западот). Ваквиот пристап се согледува, на пример, во „православниот барок“, хетерофоничното црковно пеење, но и во обредноста и односот кон богословието. [...]


Ако е точно тврдењето на многубројните православни отци дека Хростос е над Истокот и Западот, од каде тогаш толку често сретнуваната безрезервна самоидентификација на православието со идејата за Истокот, доживеан како своевиден негатив на Западот? Како да постои некаква пубертетска зависност од христијанскиот Запад. Пубертетска – затоа што е по правило „контрашка“. Формулата за „пресметување“ [...]


Последниве денови во Грција беше актуелизирано прашањето за легализацијата на хомосексуалните „бракови“. Формата под која тоа најверојатно ќе биде изведено подразбира договор со кој ќе се регулираат односите и обврските на двајцата „партнери“. Ваквиот договор de jure ќе има статус на замена за институцијата брак… Целава оваа приказна ме стави на мисла за една [...]


Што може да се каже за денешниот однос на припадниците на Еврејската религија кон Црковната историја и конкретно кон онаа историја опишана во Светото писмо на Новиот завет? Независно од тоа колку многу денес се зборува за слобода на искажувањето – сепак во некои средини постојат сериозни тенденции за цензурирање не само на она што [...]


Вчера, по кој знае колку време, ги заслушав песните на Ѓорѓе Балашевиќ – човекот за кого слободно може да се рече дека беше гласот на разумот во безумните југословенски 90-ти. Порано не му обрнував некое особено внимание. Она што во музиката секогаш на прво место ме интересирало биле мелодиите, хармонијата на композициите и сл. – [...]


Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес [...]