Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Април, 2007

holy_trinity.jpgrublev_trinity.jpg

Пред некое време прочитав еден текст на пергамскиот митрополит Јован Зизиулас, кој се бавеше со прашањето за славното filioque. Во него се презентира „помекиот“ став кон проблемот, при што се предочува неговата комплексност и се инсистира на еден непредубеден и повнимателен пристап кон неговото разгледување. Ми остана во сеќавање не занемарливото совпаѓање на изложените претпоставки со оние на латинофроните византијци од 14. и 15. век, како и на западните теолози кои се обидувале да најдат компромисно решение по прашањето.

Имено, тој ја потенцира несоответноста на латинскиот термин procedere во однос на грчкиот εκπορεύομαι. Procedere е со пошироко значење и не располага со прецизноста на својот грчки еквивалент. Следствено, кога латините велат дека Светиот Дух исходи „од Отецот и од Синот“, тие го гледаат „икономијното“ исходење, т.е. ја поставуваат перспективата од себе си. Православните, пак, инсистираат на потполна прецизност, додавајќи го на икономијниот и внатрешнотринитарниот аспект на исходењето, запазувајќи ја формулацијата „од Отецот преку Синот“. И покрај тоа што се оддава прознание за прецизноста на грчката формулација, латинската сама по себе не се гледа како погрешна.

Она што е многу интересно е фактот што одговорот на ваквата перспектива кон проблемот е даден уште во 14-15. век. Неговата категорична неусогласивост со православното богословие ја има во голема мерка својата основа во учењето за нeтварните Божествени енергии, најпотполно систематизирано од свети Григориј Палама. Спорот за filioque може да се разгледува од призмата на спрот за создадената Благодат.
(more…)

Read Full Post »

voskresenie.jpg

Ден е на воскресение! Да се просветиме, луѓе. Пасха е Господова, Пасха! Зашто од смртта кон животот, и од земјата кон небесата, Христос Бог не преведе, нас, кои победна песна пееме.  

Христос воскресна од мртвите!   

Воскресения день, просветимся людие: Пасха, Господня Пасха! От смерти бо к жизни и от земли к небеси, Христос Бог нас преведе, победную поющия.   

Христос воскресе из мертвых!   

It is the Day of Resurrection! Let us be radiant, O people! Pascha! The Lord’s Pascha! For Christ our God has brought us from death to life, and from earth unto heaven, as we sing triumphant hymns!  

Christ is risen from the dead!

Read Full Post »

rembrandtblog.jpg

Фрапантна е теолошката префинетост и длабочината содржана во Рембрантовата слика „Откажувањето на Петар“. Ми се чини дека карактеристичното Рембрантово „играње со светлината“ во ова ремек дело на ликовната уметност го достигнува своето богомислено крешендо: скриениот контраст помеѓу живо и силно осветлениот централен дел, во кој се сместени доминантните ликови на апостолот и неговите соговорници и едвај видливиот горен десен агол, во кој се наѕира силуета на човек со врзани раце, кој одминува со поглед свртен кон центарот на сликата. Силуетата на прв поглед е незабележлива, како да не припаѓа на целата композиција. Таквата нејзина екстерионост остава впечаток дека самата ни со-набљудува во гледањето на сликата. Ние гледаме во Петар – и таа гледа во него.  

Сликата дословно ја проектира внатрешната состојба на апостолот во миговите на неговото откажување од Господа. Нарушеноста на обратната перспектива е состојба на душата на христијанинот, кој без да забележи заборава на Христа, го поставува во заден план, го сведува на ниво на незабележлива силуета. Но, од друга страна, нему незабележителниот детаљ на свртеноста на Христовиот поглед кон надвор, кон оној кој заборава на Него Самиот и се откажува од Него Самиот – ја држи константата на перспективата „од Христа“. Силата со која обратната перспектива е оприсутнета кај Рембрант е зашеметувачка. 
(more…)

Read Full Post »