Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Мај, 2007

embryo.jpgembryo-ogledalo.jpg

Пред некое време на еден православен портал беа објавени ехо снимки, на кои беше прикажано што се случува со зачнатото дете додека врз него „се извршува абортус“. Искрено немав нерви да ги изгледам – доволно ми беше што ми ги раскажаа. На кусо, на бебето му се откинува дел по дел од телото, при што тоа воопшто не останува пасивно – тоа се придвижува, ја чувствува опасноста и „не стои мирно“ додека го касапат… Мислам дека би било забегано да продолжувам со описот (ако некој е заинтересиран за детаљи – има доволно литература, веб страници, документарци и т.н.).   

Мислејќи на сево ова ми помина прилично морничава помисла низ глава – зарем гинеколозите (па и некои од мајките) кои ги извршуваат абортусите не виделе „ехо снимка“ од абортус? Гинеколозите многу јасно знаат што прават, но сепак – продолжуваат да го прават тоа. Следствено, ако тие се свесни дека извршуваат убиство, но сепак го прават, тогаш има ли нешто што би можело да ги одврати од тоа?  Морничавоста се состои во фактот што во таквиот човек очигледно повеќе не постои внатрешен (човечки, морален) закон, кој би го спречил во намислата за убиство. Законот на човекот бива целосно определен од надворешниот закон (законот на правото, стапот и морковот, т.е. казната и наградата), кој, пак, сè повеќе и повеќе се адаптира на најбесловесните нагони на поживотинетиот човек. Ако правото се изградува на овој начин, до каде тогаш може да стигне? Знам дека ова (сè уште) може да звучи скандалозно, но немам ниту трошка надеж дека, ако тоа биде посакано (а се посакува на големо), педофилијата утре нема да се сведе на секојдневие. Во секое време сум спремен кажаното прилично издржано да го бранам, со очајна надеж дека ќе се најде некој да ме побие.   

Врвот на перверзноста се согледува во пропагандата, низ која ваквото формирање на правните закони се извршува – во името на човековите права и слободи! Ова е тотален оксиморон! Гледање на слободата во бесловесноста, гледање на слободата во погазувањето на божествената слобода.  
(more…)

Read Full Post »

kiril21.jpg8. Следниот чекор е помирувањето „со Бога… и со брата своего“, како најважен услов за учество во Светата евхаристија. Самото тоа помирување, реализирано во покајанието и исповедта пред духовникот, подразбира принесување во љубов, при што ќе бидеме подготвени „самите себе и сиот живот на Христа Бога да го предадеме“. „Да се исповедамо на духовника… и на велиј ден можеш достојно да се причестиш, достојно да празнуеш, достојно да се веселиш, достојно и духовно да се радуеш“.    

Ова принесување подразбира континуиран процес на постојан подвиг во верата. Тоа бара покајание во кое љубота кон Бога ја надвисува и сотира секоја помисла за повторно богоотпаѓање. Божјата љубов е неизмерна. Затоа ниту една апостазија не може да биде посилна од неа и од можноста за повторно враќање во заедницата со Него – „Илјада кабаети да имал чоек, најпосле ако се покаил, шубе учинил, за греот плакал, со све срдце пришол при Бога, духовник што му заповедал держал… спасение наоѓат“ – но тоа враќање нема никаква важност без понатамошниот подвиг, кој ја изградува и продлабочува љубовната врска помеѓу покајаниот блуден син и Отецот, помеѓу невестата и Женихот.
(more…)

Read Full Post »

Христос се вознесе!

unity20071.jpg

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, со Твојот благослов уверувајќи ги дека си Ти Син Божји, избавител на светот. 

Вознеслся еси во славе, Христе Боже наш, радость сотворивый учеником обетованием Святого Духа, извещенным им бывшим благословением, яко Ты еси Сын Божий, Избавитель мира. 

O Christ our God, You ascended in Glory and gladdened Your disciples by the promise of the Holy Spirit. Your blessing assured them that You are the Son of God, the Redeemer of the world.

Read Full Post »

20_photo2.jpg

Туку што го изгледав и по трет пат „Остров“, по што конечно си дозволувам, во пишана форма, да предложам некои од моите размислувања за него. Филмот остава силен впечаток со својата многуслојност, внатрешните аналогии, поврзаности и контрасти, при што ја допира сржта на православното аскетско мислење и дејствување. Сакајќи да зборувам за сето тоа, намерно би избегнал да се вплеткам во општи и генерални кажувања, туку би претпочитал да се фатам директно за еден од моментите, кој силно ми го привлече вниманието: финалниот дијалог помеѓу јуродивиот старец Анатолиј и Тихон. Нешто „не штима“ во целиот тој дијалог, ако се гледа просто како разговор во кој старецот бара прошка од Тихон. Ако човек се вдлабочи во разговорот, може да забележи своевидна двојственост во односот на старецот кон Тихон. 

Пред самиот крај на разговорот Тихон му простува на старецот – и тука, по стандардите на веќе тешко метастазираниот во нашата религиозна култура патетичен пиетистичко-религиозен начин на мислење, би следувало да се расплачат, или да се прегрнат, или било што друго во тој дух да направат. Но, се случува нешто сосема поинакво. Разговорот не завршува со Тихоновите зборови: „Јас ти простив“, пропратени со очекуваниот блажен и насолзен поглед на исповеданиот старец во кадарот кој полека се затемнува. Старецот, откако успеа да измоли прошка од човекот кого го уби, го завршува разговорот со зборовите: „Тихон, оди си во мир… Господ е со тебе!?  
(more…)

Read Full Post »

kiril2.jpg7. „Светата тајна на принесувањето“ (А. Шмеман) е основната тема во контекст на расправата за крвната жртва. „Во наша вера најголем курбан леб и вино и литургија“[1]. Но за да стигне до ваквото преобразено значење на терминот курбан, отец Кирил ги исклучува сите негови хетеродоксни семантички елементи. Тоа го прави постепено. Затоа на почетокот на расправата прецизно ги разграничува поимите: „Курбан остана од Авраама, а просфор и вино остана од Мелхиседека“[2]. Потенцирајќи ја одвратноста на крвната жртва во споредба со бескрвната – „не праат курбан со вино, токо со крв и со месо како пци на касапница“[3] – тој го прочистува значењето на терминот и започнува да го користи во чисто литургиски контекст, со значење на жртва.   

Отец Кирил го гледа принесувањето во контекст на самиот чин на Евхаристијата, но и во контекст на литургијата по Литургијата, како подготовка за достојно учествување во чинот. „Курбан пријатен Богу дух строшен и сердце строшено и смирено да отнесеш пред Бога, тоа љубит Бог а ништо друго, никакви курбани, никакви закони. Во наша вера најголем курбан леб и вино и литургија. Ама и литургијата со пизма (непријателство), со фодулско (гордо) срдце, без дух строшен без строшно срдце и без смирение, не ја примат Христос Бог. Затоа велит поп и во литургиа викат: ,вонмем свјатое возношение во мирје приносити’“[4].
(more…)

Read Full Post »