Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Мај 7th, 2007

20_photo2.jpg

Туку што го изгледав и по трет пат „Остров“, по што конечно си дозволувам, во пишана форма, да предложам некои од моите размислувања за него. Филмот остава силен впечаток со својата многуслојност, внатрешните аналогии, поврзаности и контрасти, при што ја допира сржта на православното аскетско мислење и дејствување. Сакајќи да зборувам за сето тоа, намерно би избегнал да се вплеткам во општи и генерални кажувања, туку би претпочитал да се фатам директно за еден од моментите, кој силно ми го привлече вниманието: финалниот дијалог помеѓу јуродивиот старец Анатолиј и Тихон. Нешто „не штима“ во целиот тој дијалог, ако се гледа просто како разговор во кој старецот бара прошка од Тихон. Ако човек се вдлабочи во разговорот, може да забележи своевидна двојственост во односот на старецот кон Тихон. 

Пред самиот крај на разговорот Тихон му простува на старецот – и тука, по стандардите на веќе тешко метастазираниот во нашата религиозна култура патетичен пиетистичко-религиозен начин на мислење, би следувало да се расплачат, или да се прегрнат, или било што друго во тој дух да направат. Но, се случува нешто сосема поинакво. Разговорот не завршува со Тихоновите зборови: „Јас ти простив“, пропратени со очекуваниот блажен и насолзен поглед на исповеданиот старец во кадарот кој полека се затемнува. Старецот, откако успеа да измоли прошка од човекот кого го уби, го завршува разговорот со зборовите: „Тихон, оди си во мир… Господ е со тебе!?  
(more…)

Read Full Post »