Пред некое време на еден православен портал беа објавени ехо снимки, на кои беше прикажано што се случува со зачнатото дете додека врз него „се извршува абортус“. Искрено немав нерви да ги изгледам – доволно ми беше што ми ги раскажаа. На кусо, на бебето му се откинува дел по дел од телото, при што тоа воопшто не останува пасивно – тоа се придвижува, ја чувствува опасноста и „не стои мирно“ додека го касапат… Мислам дека би било забегано да продолжувам со описот (ако некој е заинтересиран за детаљи – има доволно литература, веб страници, документарци и т.н.).
Мислејќи на сево ова ми помина прилично морничава помисла низ глава – зарем гинеколозите (па и некои од мајките) кои ги извршуваат абортусите не виделе „ехо снимка“ од абортус? Гинеколозите многу јасно знаат што прават, но сепак – продолжуваат да го прават тоа. Следствено, ако тие се свесни дека извршуваат убиство, но сепак го прават, тогаш има ли нешто што би можело да ги одврати од тоа? Морничавоста се состои во фактот што во таквиот човек очигледно повеќе не постои внатрешен (човечки, морален) закон, кој би го спречил во намислата за убиство. Законот на човекот бива целосно определен од надворешниот закон (законот на правото, стапот и морковот, т.е. казната и наградата), кој, пак, сè повеќе и повеќе се адаптира на најбесловесните нагони на поживотинетиот човек. Ако правото се изградува на овој начин, до каде тогаш може да стигне? Знам дека ова (сè уште) може да звучи скандалозно, но немам ниту трошка надеж дека, ако тоа биде посакано (а се посакува на големо), педофилијата утре нема да се сведе на секојдневие. Во секое време сум спремен кажаното прилично издржано да го бранам, со очајна надеж дека ќе се најде некој да ме побие.
Врвот на перверзноста се согледува во пропагандата, низ која ваквото формирање на правните закони се извршува – во името на човековите права и слободи! Ова е тотален оксиморон! Гледање на слободата во бесловесноста, гледање на слободата во погазувањето на божествената слобода.
Но, човекот е створен како слободно битие par exelance. Човекот е створен да стане Бог по благодат. Сепак, во таквата слобода се содржи и можноста да го одбере и спротивното – самиот да се откаже од таа слобода и да се сведе на анималната димензија на своето битие, просто кажано да поживотини – да стане животно, чие битисување ќе биде сведено на задоволување на неговите животински потреби. Човекот бива окован од своите нагони, од своите страсти (кои за животното не се грев, но за човекот се, бидејќи не се човечки). И наместо да се издигне над нив, наместо целото свое битие, вклучително и телото, да ги принесе на Бога и на тој начин да се обожи, тој самиот себеси се сведува само на нив и – поживотинува.
А животното нема совест. Тоа е програмирано да опстојува нагонски и да функционира по системот награда-казна. Ако за определено дејствие, кон кое нагонски тоа тежнее, не постои определена наградно-казнена санкција – животното тоа ќе го изврши „без око да му трепне“. А им трепнува ли окото на несреќните гинеколози и уште понесреќни несудени мајки, кои си ги погубуваат сопствените деца? На овие вторите можеби (во голем број случаи мајките не се сосема свесни што всушност претставува абортусот), на првите – ич. Тие ентузијастично застануваат во одбрана на својот бизнис – во име на правата и слободите… Која свињарија!
Колку што знам, свињата е животно кое (без око да и трепне) знае да си ги изеде тукушто родените прасиња, во случај да нема друга храна „при рака“. Таква е „во setup“, нагонот за опстојување е посилен од мајчинската љубов. На крајот на краиштата, свињата нема љубов, туку има инстинкти. Жената мајка, пак, која е човек, има мајчинска љубов, а не мајчински инстинкт (како што тоа од сите страни манијакално се натура и веќе има прераснато во стандардизиран термин). Инстинкт (во пакет со морковите и стаповите) како замена на љубовта; животинска „слобода“ како замена на човечката и божествената слобода! (…)
Се сеќавам на една моја богословско-философска дилема од пред неколку години (не сум ни првиот ни последниот, кој си ја лупал главата со вакви работи): не биваше ли Бог да ја упрости малце работава со спасениево на човекот и светот? Не биваше ли Бог убаво да го „репрограмира“ човекот, па тој повеќе да не си чини зло и да не му се спротивставува на своето спасение. Не ли можеше да нè поштеди од сите прашања и од целиот тој пат – во потта на лицето свое да го заработуваме својот леб на теологијата. Е па – не можеше! Ако тоа го стореше, човекот повеќе немаше да биде човек, а уште помалку бог. Тој ќе станеше едно од животните. Но човечкоста на човекот се состои во совршената слобода – самиот тој да одлучи што ќе биде од него: свиња или човек. И тој крст е пеколно тежок, но таков е ако самите се нагрбиме со него. Но ако Го возљубиме Бога со сето свое битие, а со Него – подеднакво и Неговата слава и Неговиот крст – нас нема да ни остане поголема тежина од онаа на Киринеецот Симон, кој помогна во носењето, но сета тежина на распетието беше всушност износена од Христа.
Ете ја Божествената слобода. И таа слобода е неразделна од Божествената љубов – љубов која не се наметнува на слободата на слободниот, дури и по цена на неговата сопствена пропаст. Човек не може да се спаси надвор од слободата – ја загуби ли слободата, го загубил и спасението. Што ќе му е тогаш животот? Што ќе му се тогаш сите задоволства и награди, сето земно „спокојство и мир“, ако најсвоето го загубил. Човекот постои за да љуби… до бесконечност. Да љуби онака како што ја љубел својата мајка (хранејќи се со неа) во нејзината утроба. Само во таа љубов може да постои вистинска слобода, а тоа е љубов која не знае за своето. Таа љубов радосно се откажува не само од својот мир, спокојство, комодитет, кариера, но и самата своја душа ја полага за љубениот. Љубовта на убиеното дете е совршено чистата љубов, до таа мерка чиста што не е способна дури ни да ја осуди својата мајка, која го убива. Зачнатото дете не само што е со мајката, тоа е во мајката. Тоа е обезумувачкото неслеано единство на оние кои се љубат – едниот кој љуби е во љубениот од една страна, а од друга – другиот кој љуби го носи во себе својот возљубен и неискажливо му се радува. Бескрај од икони…
До кога ќе ни даваш да Те убиваме Господи?
При Воскресението од мртвите, неуништливото битие на „абортираниот” човек — кој зачнал на земјата, а се родил во Царството Небесно како вистински, цел, прекрасен човек — ќе биде неподнослив, нем укор за непокајаните егзекутори.
Но, тоа ќе биде и Средба на која блудниот родител со покајание ќе се врати во прегратката на своето дете.
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Еве го линкот кон сајтот каде е објавен докумнетарниот филм за кој пишував на почетокот на постот – “The Silent Scream”: http://pravoslavie.bg/content/view/6503/62/
Ми се допаѓаМи се допаѓа
[…] закана за природата (и општеството). И дека треба да се абортираат. Ама ајде, нема да речам. Единствено што ми […]
Ми се допаѓаМи се допаѓа