Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Јуни, 2007

Една сè уште актуелна дискусија од блогот „prohora“ деновиве ми го привлече вниманието. Прво сакав да напишам коментар, ама од „коментарот“ излезе цел пост, па решив да го објавам тука. На кратко, станува збор за прашањето на човечкото (конкретно женското) достоинство и театарот, поставени во (или надвор од?) контекстот на христијанското аскетско предание. Дебатата околу прашањето за односот на денешните христијани кон оваа форма на уметничко изразување изгледа дека сè уште не е затворена, па затоа ќе си дозволам да предложам неколку размислувања на оваа тема.   

Прашањето за женското (но и воопшто човечкото) достоинство е вистински потресно прашање во денешно време. Обестајнетата (=расхристовената) човечка личност (независно дали станува збор за нејзината телесна или духовна страна, или пак „бљутавиот“ синкретистички mix од двете) е до-очај-перверзно определениот и вредно-собираниот градежен матерјал на under-construction (ќеле)кулата нововавилонска. Театарот е само симптом. Скоро гледав едно… „нешто“ (како ли другачие да го именувам) во „Театар Центар“, во кое сценариото чудесно беше сведено на уникална улично-анатомска терминологија (воглавно однесена кон „членовите“ лоцирани од стомакот па надолу) и тук-там по некој сврзник и заменка. Дадаизам или кретенизам… навистина не можам да кажам. Но, од друга страна, има претстави во кои голотијата и сексуалноста присуствуваат, но на еден генијален (и во никој случај не „недостоинствен“) начин – како, на пример, недостижното Диво Месо во режија на Александар Поповски, или веќе класичното Буре Барут на Дејан Дуковски.  

(more…)

Read Full Post »

Многу-многу интересен (поправедно би било да кажам потресен и отрезнувачки) текст на бугарскиот богослов Андреј Романов во врска со едно несекојдневно собитие во неговиот град. Не можев да се воздржам, а да не го објавам на блогот. Жалам што не го објавувам преведен на македонски јазик, но просто немав време да го преведам. Текстот е објавен на порталот pravoslavie.bg, на адресата http://pravoslavie.bg/content/view/7343/162/, по што следуваат дузина коментари, кои се подеднакво интересни како и самиот текст.  

(more…)

Read Full Post »

kiril2.jpg9. Ваквото принесување (помирувањето) е насочено и кон ближниот, како икона Христова, при што се исполнуваат двете најголеми заповеди за љубовта – кон Бога и кон ближните. „Тие што нас пизмат (мразат) да им простиме… ако се опростимо, да пеемо, ако не се опростимо, ни да пеемо, ни да се радуамо… токо да бегамо без трага у дно земња, и тамо не утечемо от рука Божија“.  

Принесувањето на светот на Бога се реализира преку личносниот однос со ближните. „Првото и челното да го дадеш на некој просјак, или во Црква отнеси и раздади по људи, или по питачи или по сиромаси или у некој манастир, хер кадегодер да дадеш, ама најхубавото ем најчелното за име Божио прво да дадеш“. Но, за отец Кирил најзначаен е фактот што секоја добродетел, секоја милостиња, секое благочестие има нагласена литургиска перспектива – „Твои од твоите, тебе ти ги принесуваме“. На тој начин секој вид принесување е онтолошки сраснато со Литургиајта, со што се потврдува како изразито евхаристичен акт. 
(more…)

Read Full Post »