9. Ваквото принесување (помирувањето) е насочено и кон ближниот, како икона Христова, при што се исполнуваат двете најголеми заповеди за љубовта – кон Бога и кон ближните. „Тие што нас пизмат (мразат) да им простиме… ако се опростимо, да пеемо, ако не се опростимо, ни да пеемо, ни да се радуамо… токо да бегамо без трага у дно земња, и тамо не утечемо от рука Божија“.
Принесувањето на светот на Бога се реализира преку личносниот однос со ближните. „Првото и челното да го дадеш на некој просјак, или во Црква отнеси и раздади по људи, или по питачи или по сиромаси или у некој манастир, хер кадегодер да дадеш, ама најхубавото ем најчелното за име Божио прво да дадеш“. Но, за отец Кирил најзначаен е фактот што секоја добродетел, секоја милостиња, секое благочестие има нагласена литургиска перспектива – „Твои од твоите, тебе ти ги принесуваме“. На тој начин секој вид принесување е онтолошки сраснато со Литургиајта, со што се потврдува како изразито евхаристичен акт.
(more…)