12. Токму во „освјаштението“, се содржи суштината на Кириловото просветителството. Светоста, како состојба на богопознание и богоопштење, т.е. како совршена состојба на човековото реално постоење, е воедно и негов извор и смисла. Просветителството на тој начин претставува сведоштво на светот за Светлината – μαρτυρίαν περὶ τοῦ φοτός (Јован 1,7) – за боговидението, за учеството во евхаристиското созерцание на тивката Светлина на светата слава на Отецот. Тоа во себе ги вклучува сите сегменти на земниот живот, но поставени во таков ред (τάξις) што во нивниот центар секогаш се наоѓа светиот путир. На тој начин, на Кириловото просветитлество нема нeшто што му недостасува – ги содржи писменоста, науката, моралот, борбата против суеверието – но сето тоа осмислено од Словото. Тоа го содржи, на крајот на краиштата, и здравиот разум, поточно – оздравениот, охристовениот разум, разумот на облагодатениот богочовек.
Archive for Јули, 2007
Просветителството на преподобен Кирил Пејчиновиќ
Posted in Отец Кирил Пејчиновиќ on Јули 11, 2007| Leave a Comment »
Ама зошто неќет? Или от незнаење… или от дјавола прелштен да неќет харно токо лошото!
Posted in Отец Кирил Пејчиновиќ on Јули 11, 2007| Leave a Comment »
11. Евхаристијата е јадро на животот на Црквата – надвор од неа, надвор од заедницата со Богочовекот, не постои и не може да постои никаков живот, туку бавно, но сигурно умирање. Поради тоа, непричестувањето е подеднакво фатално за човекот како и недостојното причестување. Сепак, Бог ги допушта и двете, бидејќи најголемиот дар, кој човекот го добил од Бога и во кој се содржи неговата боголикост, е дарот на слободата – „човек ест самовластен, ако сакат пуштат Господа во себе, ако ли не хоќет – не пуштат“.
Човекот, лишувајќи се од заедничарењето во телото и крвта Христови, се лишува од даруваната можност самиот да стане Бог по благодат, да се обожи, да стане она што отсекогаш сакал да биде, бидејќи за тоа и бил создаден. Безумната желба за обожување без Бога, како патолошка состојба на колективниот ум на паднатото човештво, е во основата на секоја апостазија, на секое суеверие, на секое сатанопоклонение и на секоја човечка пропаст. Затоа отец Кирил инсистира на причестувањто со Господа, како единствен излез од безизлезот во кој возгордеаното Адамово достојание се нашло и како единствена можност за соучествување во искупителното дело на новиот Адам. Тој останува трогнат над човечкото безумие, воедно и восхитен од неискажливата убавина на богозаедничарењето: „Ама зошто неќет? Или от незнаење колку силу имат свјатое причаштение и какво оружие ест на дајвола и какво во оставление грехов бивает и какво соединение с Богом и какво освјаштение, чак и обожение… или от дјавола прелштен да неќет харно токо лошото!“
А кој јаде и пие недостојно, суд се дејат… зашто не есапит Тело Христово
Posted in Отец Кирил Пејчиновиќ on Јули 6, 2007| Leave a Comment »
10. Отец Кирил Пејчиновиќ е исклучително јасен и категоричен во однос на прашањето за достојното и недостојното причестување: „Тежко и горко томуа чоеку, што зема причесна какогодер, не се исповедал, не се простил со гаразлие (непријателите), не се покаил от тоа што чинил и мислит пак да чинит“. За него ова е единственото правилно толкување на текстот од единаесеттата глава од Посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните, во кој е изнесено библиското учење по ова прашање.
Степенот на подготвеноста за достојно пристапување кон светиот путир е определен од човековиот однос кон Богочовекот. Од него произлегува секој друг личносен однос и секој понатамошен чекор во подготвката за причестување. Во тој контекст, отец Кирил го дава најјасниот и најпрецизниот опис на трагичната душевна состојба на личноста која недостојно пристапува кон светата чаша: „а кој јаде и пие недостојно, суд се дејат… зашто не есапит Тело Христово“.
(more…)