Од 10-ти до 15-ти септември 2007 година се одржа традиционалната летна школа за средновековна философија и култура во градот Елена, Република Бугарија, во организација на катедрата по Историја на философијата на Философскиот факултет при Софискиот универзитет и Институтот за средновековна философија и култура на Република Бугарија. Во текот на школата свои реферати предложија еминентните Бугарски медиевисти Цочо Бојаџиев, Калин Јанакиев, Слава Јанакиева, како и десетина помлади истражувачи (магистранти и докторанти) на средновековното богословие, философија и култура. Оваа година, како и минатата, ја имав можноста да учествувам во школата, предложувајќи реферат на тема: „Византиската интелектуална традиција – богословско-философски аспекти“.
Напишете коментар