Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Октомври, 2007

eko.jpg

Денес добив е-mail од пријателка од Србија, со кој ме извести за една иницијатива на српските екологисти – спречување на илегална изградба на бродоградилиште лоцирано до самата граница на еден од најголемите резервати на птици на Балканот „Стари Бечеј – Царска Бара“. Заводот за заштита на животната средина на Србија предупредува дека изградбата на објектот може да има фатални последици по животната средина и иднината на резерватот. Со таа цел, покрената е, меѓу другото, и електронска петиција, која може да биде потпишана на адресата:

http://www.petitiononline.com/strepera/petition.html.

Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата:

http://www.blic.co.yu/drustvo.php?id=17446.

Неспорно е дека грижата за животната средина е органски дел од животот и подвигот на секој православен христијанин. Сепак, тука треба да се биде внимателен: во еко-активизмот, сам по себе, не се содржи ниту смислата ниту крајната цел на тој подвиг

(more…)

Read Full Post »

father-stephen1.jpg

Деновиве обрнав малку повеќе внимание на формирањето на листата на врски кон сродни страници и блогови (blogroll) на Дигиталниот Ареопаг. Открив неколку исклучително добри блогови (претежно на американски православни автори). Сега за сега ќе споделам два од нив (за останатите ќе си дозволам уште малку време убаво да ги разгледам): Teologia Pentru Azi на отец Дорин од Романија и Glory to God for All Things на отец Стивен од САД. Блоговите се извонредни и од сè срце ги препорачувам. Првиот блог, за жал, е претежно на романски јазик, што за повеќето македонски читатели сигурно ќе претставува проблем. Вториот е на англиски. Начинот на кој отец Стивен (американец конвертиран од англиканизам во православие) говори за својот живот во Христа и животот на Црквата чијшто член е самиот – исклучително е непосреден, природен, лесен и жив. Со стил лишен од било каков непотребен формализам, тој зборува за тоа како да се живее православието во современиот свет.

Воопшто, православната мисија на Западот (особено интензивирана во 20-ти век) има огромно значење за православието во целина. Нашиот „источно-православен“ свет, кој денес се соочува со турбулентни промени на сите нивоа на живеењето, има огромна потреба да го чуе гласот на оние „од онаа страна на промените“. Тоа се оние, кои за разлика од нас „православните што се соочуваме со западниот свет“ – се „западните кои се соочуваат со православието“. Тие се израснати во светот во кој ние без можност за враќање забрзано влегуваме. Поради тоа, пораката на православниот Запад е особено значајна за нас.

(more…)

Read Full Post »

sanctus3.jpg

On October 24, 2007 in the National Gallery of the Republic of Macedonia the exposition of visual poetry by Bishop Metodij Zlatanov was opened. On the exposition named “Sanctus” his works from the last 20 years have been exhibited.

What impressed me the most was the rediscovering of the enormous creative space and freedom which the Church gives to the man thirsty for creation. The Orthodoxy is not some kind of conserved faith from the past – it is living and capable to accept in itself, to transfigurate through itself and bring to perfection all the forms of human creation. Thanks to events like this one it will be possible to break the senseless stereotypes about the seeming contradictions between the science, the art, the contemporary, on one hand – and the Church life, on the other. The teaching of the Holy Fathers shows us something completely different from this rigid attitude towards the Christian spirituality: exactly through the Church and in the Church – every creativity obtains its meaning and realization. This way it becomes a real gift to God and a blessed means on the way towards the sanctification of the world.
(more…)

Read Full Post »

untitled-1-copy.jpg

Ќе си дозволам повторно да се вратам на темата за трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоше Проевски – и тоа не без една многу конкретна причина. На еден куп форуми, во еден куп написи, дури и на вестите на телевизијата – беше поставено (и тоа ни најмалку случајно) прашањето: „зошто ова се случи“? Пазете, ова е суштинско животно прашање. Ова е прашањето за животот и смртта. Ако добро се замислиме – смртта е една неизбежна реалност, која ние можеме колку сакаме да ја игнорираме, но таа останува на сила. Повеќето од нас живееме под своевидна само-анестезија, го тргнуваме своето лице од оваа реалност, правејќи се дека – тоа нас не нè засега (барем не за сега). И повторно – сите нас, кај и да е, не затечува смртта на некој близок, сакан човек. И тогаш, одеднаш, како цунами ни налетуваат сите оние прашања кои толку долго сме си ги потиснувале и на кои насилно не сме сакале да мислиме. Што, пак, се случува ако неочекувано нè затече смртта на човек кој сите ние заедно сме го чувствувале како близок, ни бил мил, сме го сакале? Мислам дека токму такво нешто се случи пред некој ден. И тогаш над сите нас – се постави потиснатото проклето прашање за животот и смртта, а природно со него – и прашањето за Бога.

(more…)

Read Full Post »

schwar.jpg

Гувернерот на Калифорнија актерот Арнолд Шварценегер на голема врата ги воведе хомосексуализмот, бисексуализмот, трансексуализмот (итн.-сексуализмот) во калифорниските училишта. Законот кој тој го потпиша на 12. октомври ја забранува училишната употреба на термините „мама“, „тато“, „маж“, „жена“. Понатаму, забрането е било какво негативно конотирање на „алтернативните начини на сексуален живот“. Од училишната програма ќе бидат исфрлени сите текстови кои го карактеризираат бракот како „институција помеѓу маж и жена“, или кои полот на детето го ограничуваат само на „машки“ или на „женски“. Новите текстови подробно ќе ги опишуваат другите сексуални определби, а во предметот „сексуално“ воспитание ќе биде вклучен детален опис на промена на полот. Сите школски и предшколски институции ќе треба да се прилагодат на овој кодекс. Во спротивно ќе бидат отстранети од државниот буџет. Мерките звучат крајно ригоризно, на пример: во случај да родител во присуство на наставникот му каже на детето дека бракот е само за личности од различен пол, може да биде тужен за “сексуално вознемирување“!

(more…)

Read Full Post »

sanctus1.jpg

Вчера во изложбениот простор „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија се одржа изложбата на визуелна поезија „Sanctus“ на митрополитот Методиј Златанов. Беа изложени дела од неговото дваесетгодишно досегашно творештво.

Она што на мене остави силен впечаток (како и секогаш кога станува збор за митрополитот Методиј) беше преоткривањето на огромниот творечки простор и слобода кои Црквата ја дава на копнежниот по креација човек. Православието не е некаква конзервирана вера од минатото – тоа е живо и способно во себе да ги восприми и низ себе да ги преобрази и усоврши сите форми на човечко творештво. Благодарение на ваквите луѓе и настани ќе биде можно да се разбијат бесмислените стереотипи за спротивставеноста помеѓу науката, уметноста, современото од една страна и црковноста од друга. Науката на светите отци нè учи на нешто сосема спротивно на наведениот ригиден став кон христијанската духовност: токму преку Црквата и во Црквата – секое творештво ја добива својата смисла и исполнување, станувајќи вистински принос на Бога и благословено средство на патот кон осветувањето на светот.

(more…)

Read Full Post »

tose6.jpg

Тоа што Digital Areopagus е во основа конципиран како богословски и философски блог, не значи дека темата на која пишувам последниве два дена е вон контекстот. Напротив – прашањата за животот е смртта, за младоста и успехот, за тагата и радоста – се фундаментални философски и аскетско-богословски прашања. Ако ние знаеме само да теоретизираме, но истовремено кога ќе се соочиме со реалноста на теоретизираното пред самите наши очи не знаеме што да правиме – тогаш нашата теорија е напразна. Христијанската философија и теологија извираат од самиот живот, на него се изградуваат со цел на самиот живот да му служат, да го објаснат, да го преобразат, да го облагородат и да го осветат. Затоа сакам и понатаму да пишувам за настанот кој деновиве сите силно нè потресе – затоа што сега, кога сме далеку поранливи и почувствителни отколку претходно, сме многу поспособни согледаме некои нешта кои постојано сме ги имале пред очи, но нашиот поглед просто поминувал низ нив, без вистински да ги допре.

Уникатноста на Тоше Проевски на македонската и балканската популарна музичка сцена се состоеше во неговата неверојатна „нормалност“. Имиџот на Тоше е неспоредлив со повеќето „дејци“ од таа сцена. Тој беше „од другата страна“ на ексцесите, бунтовништвото, болната сексуалност, травестијата, силиконите – и сè останато кое обично се користи како магнет за привлекување на публиката, особено за привлекување на градските снобовски кругови. Тој го победи балканскиот поп-кич со неговиот nice-guy имиџ. Но не е само имиџот во прашање – Тоше успеа да остане искрен со себеси: вкусувајќи ја славата (која за нашите балкански простори, искрено кажано, беше огромна), тој не го поплука своето детство, своето семејство, своето Крушево, својата Црква. Тој остана истиот. Сите негови пријатели, како оние од детството, така и оние од подоцнежните денови го сведочат тоа.

(more…)

Read Full Post »

tose1.jpg

Никогаш не му ја сакав ниту почитував музиката. Не ми беше интересен ниту неговиот teenage superstar имиџ, а уште помалку сцената на која за рекордно време го доби водечкото место. Но тогаш зошто воопшто да пишувам за Тоше Проевски, кога ништо од она што го има направено не го доживувам како особено значајно? Токму заради она што тој допрва следуваше да го направи. Неговата досегашна поп кариера не е ништо во споредба со она што тој требаше понатаму да го постигне. Што ќе беше Тоше на негови 40 или 50 години. Што ќе беше ако ги доживееше годините на чудесниот Павароти. Требаше да помине бурата од еуфоријата на маалската слава – после која на местото на поп-ѕвездата Тоше следуваше да се издигне уметникот Проевски. Тој беше неверојатен талент, просто неспособен доживотно да остане тра-ла-ла музичар на срцепарателни highschool песнички. Неговата кариера – вистинската музичка кариера – требаше допрва да почне. Животот започнува во триесеттата (Darkwood Dub). Затоа ми е жал. Жал ми е затоа што, на крајот на краиштата, беше просто млад човек, мој врсник, православен. Тој зема благослов од архиепископот Стефан пред заминувањето на Евровизија, во речиси секое интервју (бар во оние кои јас ги имам слушнато) тој ја спомнуваше улогата на Бога во неговиот живот. Во едно интервју за А1 телевизија, кое сега го слушнав, тој кажа дека музиката му е сè во животот – независно од тоа дали ќе биде на врвот на славата или ќе нема што да јаде. Не ми изгледаше дека е тоа просто реторика диктирана од менаџерите – Тоше поминал и низ едното и низ другото. Тој требаше допрва…

И на ваквиот хаотичен ред на мислите ми се „прикачи“ помислата на еден дел од мојата последна исповед кај духовникот од пред неколку дена. Зборувавме за тоа дека имам претерано со ангажманите, работата, дека сум се навлекол на работењето, сум станал workoholic – до таа мерка што почнувам да чувствувам дека не само личниот живот ми се слизнува од прстите, туку дека тоа сериозно ми се одразува и на црковниот живот – која е смислата на тоа деноноќно да се занимаваш со теологија и христијанска философија, а при тоа да си го заборавиш спасението? Отецот насмевнато ми рече:
– А замисли сега, згора на тоа, утре да те згази трамвај. Па да се убиеш од мака!
– Среќа, отец, што во Скопје сè уште нема трамваи.
– Па добро, не мора да е трамвај…

(more…)

Read Full Post »

zapaden-obred.jpg

Наидов на нешто многу-многу интересно и за мене сосема ново: православна Црква со западен обред. Долго време имам размислувано зошто покрај „источните“ литургии на свети Јован Залтоуст, свети Василиј Велики, или помалку познатата на свети апостол Јаков – никаде не се спомнуваат чисто православните литургии, кои во вековите пред големиот раскол се служеле на христијанскиот запад? Парохии од западните епархии на антиохиската и руската Црква се црквуваат според православниот западен обред, служејќи ги литургиите на свети Григориј Велики и свети Тихон. Еве линк кон веб страницата на западнообредната парохија Свети Павле на Антиохиската Православна Црква, на кој се објавени подробни податоци за животот на православните христијани од западен обред: http://www.stpaulsorthodox.org/.

Read Full Post »

lives.jpg

Минатата недела имав можност да го изгледам филмот Животот на другите (Das Leben den Anderen) прикажан во рамките на фестивалот на нови германски филмови, одржан во скопското арт-кино Фросина. Филмот е вистинско ремек-дело на современата филмска уметност, добитник на Оскар за странски филм 2006 година. Не се чувствувам ниту компетентен ниту способен да дадам било каков посериозен критички осврт, но истовремено имам желба да пренесам барем малечок дел од впечатоците од виденото, како би го препорачал на сите оние кои немале можност да го изгледаат до сега.

(more…)

Read Full Post »

Older Posts »