Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Ноември 4th, 2007

Преводот е објавен во „Православен Пат“, бр. 20, Ноември 2007

279088yegd_w.jpg

Ако треба да се определи сегашната состојба на нештата, јас би ја именувал како „состојба после оргијата“. Оргијата, тоа се експлозивните модерни времиња, кои ни имаат донесено ослободување во сите области… Денес сè е ослободено, залозите се направени и пред нас стои решавачкото прашање: што да правиме после оргијата?

Жан Бодриер

 

Ми изгледа несомнено дека во современиот свет (некаде помеѓу 60-те и 70-те години на Запад и 1989 година на Исток) се развива една сеопфатна и неверојатно моќна култура на релаксацијата. Тоа е исклучително индикативно. Тоа се одвива напоредно со едно работење, произведување, кое самото по себе е просто кумулација – поточно кумулирање, натрупување, придодавање, но не и реализирање. Се оформува еден пар: кумулација – релаксација. Она што може да се прави во времето е да се кумулираат – нешта, добра, вредности (кои просто се натрупуваат, но без притоа преку нив да се реализира некаква човечка историска реалност) и… да се релаксира. Културата на кумулацијата и релаксацијата во современието е израз на длабинската интуиција дека во времето, во историјата (ако тој збор сè уште има некаква смисла), веќе може само да се продолжува. Направивме што направивме и што е најважно – станавме сè што можевме да станеме. Сега можеме да продолжиме да бидеме и – да одмараме – откако ќе си ги обезбедиме и натрупаме резервите.

Културата на кумулацијата и релаксацијата е симптом на промената во нашиот осет за историја. Ние сме на крајот, ние завршивме. Нема со што повеќе да се зафатиме. Поминавме низ сè. Тоа што ни останува е да одмараме. И тоа го правиме – во првиот миг кога тоа ќе можеме да си го дозволиме. Ништо повеќе не реализираме, и покрај тоа што продолжуваме да работиме. И тука нема никаков значај што работиме сè попродуктивно и сè поефективно. Бидејќи веќе не работиме за да реализираме нешто (историско) – во светот и со светот. Ние работиме само за да продолжуваме. Со други зборови, делата ни се во модусот на „итн.“ Живееме и така натаму, го кумулираме својот живот, а не реализираме со својот живот – нешто над, нешто „од онаа страна“ на него. Ете зошто „другото“ на работењето, на правењето воопшто, би можело да биде само релаксирањето…

(more…)

Read Full Post »