Вчера прочитав два текста на тема „Вевчанскиот карневал“. Првиот беше објавен на блогот „Византиска Македонија“, додека вториот на блогот „Лотосот“. Самите текстови ми се видоа интересни, а исто и така и коментарите кои следуваа потоа. Прво ви дал кратко видување за прочитаното, а потоа би додал неколку дополнителни размислувања во врска со популарниот настан во Вевчани.
Двата текста го гледаат феноменот на „Вевчанскиот карневал“ од сопствена перспектива – едниот од ревносно-православна (категорично негативна), а другиот од историско-културолошка (со блага но нескриена доза на наклонетост и восхит). За едно нешто се сложуваат и двата текста – карневалот е во основа пагански обичај. При тоа, тешко дека на било кој начин би можела да му се додаде каква и да е црковно-сакрална димензија (независно од тоа што карневалскиот инвентар се чувал преку годината во селската црква).
Последното се објаснува со историското постоење на две спротивставени тенденции: од една страна – христијанизирање на паганството, а од друга – паганизирање на христијанството. Во дадениот пример очебијно станува збор за второто. Би се осмелил да кажам – секоја култура во историјата на човештвото се формира преку напнатоста на овие две крајности. Во секоја култура постојат и двата фактори – во поголема или во помала мерка… (more…)