Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Март, 2008

homobrak4.jpg

Последниве денови во Грција беше актуелизирано прашањето за легализацијата на хомосексуалните „бракови“. Формата под која тоа најверојатно ќе биде изведено подразбира договор со кој ќе се регулираат односите и обврските на двајцата „партнери“. Ваквиот договор de jure ќе има статус на замена за институцијата брак… Целава оваа приказна ме стави на мисла за една работа – колку всушност ваквата „легализација“ на хомосексуализмот им „одговара“ на самите хомосексуалци?

Која е воопшто поентата во „легализацијата“ на гревот? Привлекувачката, задоволувачката сила на гревот (особено на блудот, под кој, како негова екстремна форма, може да се вброи и хомосексуализмот) во голема мерка се состои токму во неговата „настраност“ (тоа не се однесува толку на „забранетоста“, колку свесноста на човекот за отклонувањето од „нормалното“ кое се случува при починувањето на гревот). Би можело да се рече дека „сладоста“ на гревот е токму во тоа – да се прави неприродното и неприфатеното… Точно поради тоа и идејата за „легализација“ на гревот изгледа самата по себе противречна – со избришувањето на хомосексуализмот од листата на девијантни однесувања како да се избријшува и причината која повеќето хомосексуалци ги натерала на тој начин да се „ориентираат“. Просто хомосексуализмот станува дел од здодевното секојдневие! Човек ем греши, ем не го гледа тоа и згора на се пак му е – здодевно. 100% загуба!

Се вели дека „ѓаволот не сака задоволни грешници“. Врвот на ѓаволската „уметност“ е ем да не натера да згрешиме, ем од тоа никакво задоволство да не почувствуваме. Тој сака да не натера да станеме „ревносни“ во гревот, па дури и тогаш кога се мачиме како „грешни ѓаволи“, или полудуваме од униние и кога јасно гледаме дека точно гревот е тој што нè убива – сепак „стоички“ да останеме во него! Мислам дека нешто слично може да се каже и за прикаската со „хомосексуалниот брак“. Идејата е ем да се продолжи со чинење на гревот, при што истиот тој грев ќе биде „растеретен“ од својата „грешност“, а со тоа и од задоволстввото (колку и тоа задоволство да е прелестно) кое гревот го причинува… (more…)

Read Full Post »

jesus-vs-kyle.jpg

Што може да се каже за денешниот однос на припадниците на Еврејската религија кон Црковната историја и конкретно кон онаа историја опишана во Светото писмо на Новиот завет? Независно од тоа колку многу денес се зборува за слобода на искажувањето – сепак во некои средини постојат сериозни тенденции за цензурирање не само на она што се зборува за верата денес, туку и на нешта кои се кажани и напишани векови и векови наназад!

Нели пред некоја година дури и Мел Гибсон беше принуден реченицата на првосвештеникот „Неговата крв нека падне врз нас и врз нашите деца“ – да ја остави непреведена во неговиот филм „Страданија“ (примериот со мел Гибсон не е ни првиот ни последниот, ама на него прво се сетив). Изговорот е – антисемитизам!… (more…)

Read Full Post »

embryo2.jpg

Вчера, по кој знае колку време, ги заслушав песните на Ѓорѓе Балашевиќ – човекот за кого слободно може да се рече дека беше гласот на разумот во безумните југословенски 90-ти. Порано не му обрнував некое особено внимание. Она што во музиката секогаш на прво место ме интересирало биле мелодиите, хармонијата на композициите и сл. – што не е силната страна на музиката на Балашевиќ. Она што неверојатно доаѓа до израз кај него е текстот – такво играње со зборовите, такво „извезување“ на зборовите во мелодиската рамка… Мислам дека ретко кој музичар од нашиот Балкан би можел да се спореди со него за оваа работа.

„Прича о Васи Ладачком“ – немам зборови… Како е можно преку една романтична песничка да се искаже најдлабоката вистина на христијантвото? Мислев да цитирам само некои делчиња од песната, но ми стои дека во овој котекст тоа е некако неумесно. Ќе го пуштам целиот текст во оригинал, па после ќе додадам неколку размилсувања:… (more…)

Read Full Post »

riba-gude.jpg

Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес ни изгледа прилично иреално. Но да се претвори посната боранија во риба, а рибата веднаш потоа во прасе – е тоа е совршено реално и кој знае колку пати до сега ни пошло од рака да ја „погодиме формулата“.

Просто не ми се верува колку луѓе се живи убедени дека редот на велигденските пости изгледа отприлика вака: последната (а за поревносните, обично постарите госпоѓи, многу често и првата) седмица „се тера на вода“, после што следува причестување. Што се однесува до оној недефиниран вакум од пет седмици помеѓу – е тука алхемијата влегува во игра. Тие пет седмици, се ем пост (тоа никој не го оспорува) – ама во нив се јаде брате што ќе ти дојде до рака!

Додека живеев во Бугарија успеав да се запознаам и со уште еден сличен, но во секој случај „поумерен“ модел. Таму нема форсирање – прво само на вода (по можност и со тримир во пакет), па после прасетина и на крај пак вода – како кај нас. Таму е некако поискулирано – нема прасетина, нема ни „на вода“ – ама риба, млеко и млечни производи може колку сакаш. Кај ќе ти издржат они сироти без „Витоша“ и „Балкан“ кашкавал, или кисело млекце „На Баба“? А за прасетината не се толку емотивно врзани, така што повеќе им одговара некоја ваква компромисна варијанта… (more…)

Read Full Post »

crkva-svet3.jpg

(…) Една цела редица на свети отци, меѓу кои: свети Григориј Богослов, свети Јован Лествичник, свети Никола Кавасила – расудуваат по прашањето за тоа која е движечката сила во духовниот живот на христијанинот. И сите истакнуваат три – првата и најниската е стравот од Божјата казна, втората и не многу повисока е желбата за награда во вечното Царство и третата – и единствената вистинска, кон која сите треба да се стремат – љубовта. Љубовта е апсолутната причина за сè, бидејќи таа е единствената која самата нема причина. Вистинската љубов не се јавува како последица на некое претходно „поттикнувачко дејствие“ – токму таа е „поттикнувачкото дејствие“, кое ги предизвикува сите други конструктивни човечки дејствија.

Токму моделот кој за водечка сила ја има љубовта е типичен за најголемите меѓу светите отци на Црквата. Тие не знаат за страв, а спомнувањето на награда за нивниот подвиг е навреда за нив – сè што тие сакаат е да Му служат на Љубениот и на љубените. Тоа е врвот на слободата. Слободата без љубов – не е слобода, таа е суета, таа е изговор за нашите слабости, во кои до таа мерка сме се заљубиле што и ѓаволот ќе го наречеме бог само за да си го истераме своето.

Светите отци како свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст, свети Максим Исповедник – биле совршено слободни луѓе. Истите тие биле луѓето кои го покрстиле европскиот човек, неговата култура и мисловност – премудро избирајќи го сето она што од него можело формално да се прифати, но истовремено да ја промени суштината од паганска во христијанска, без при тоа да претставува опасност по самата христијанска вистина. Отците знаеле што да изберат, ги проучувале паганските философи и од нив „краделе“ сè што можело да се усогласи со христијанскиот светоглед и да биде од полза за растот на Црквата… (more…)

Read Full Post »

crkva-svet2.jpg

(…) Не верувам дека треба да се бараат некакви суштински нови решенија – има извонредни примери низ историјата на Црквата од кои има многу-многу што да се научи. Треба просто „да им се следува на отците“. Но – тоа следување на отците, како што силно подвлекува отец Георгиј Флоровски, не смее да биде нивно имитирање. И мислам дека тоа е јасно. Ние не можеме од отците и од историјата на Црквата да бараме готови решенија – но можеме да ја примиме логиката на отците. Логиката согласно на која тие ги донесувале своите одлуки пред дадените историски предизвици. Истовремено – треба да се поучиме на грешките од минатото. Треба да видиме кои модели на мислење и дејствување се покажале како непродуктивни, па дури и како деструктивни.

Првиот проблематичен модел е прекумерно-ревносниот. Тоа е едната крајност – од која на светот се гледа строго непријателски. „Ние не сме од овој свет“ – и точка. Па затоа било какво доближување до светот се гледа како заразно, опасно, душегубно. „Ние сме во Коработ на Црквата, а околу нас – морето на светот преполно со душмани“. Ваквиот пристап се темели врз крајно сомнителни интерпретации на јасни библиски вистини. Вистината е дека „христијаните не се од овој свет“, но некако се премолчува тоа дека тие сепак се „во него“ и згора на тоа имаат задача истиот постојано да го преобразуваат и да му го принесуваат на Бога. Ми се чини дека искривувањето доаѓа во најголема мерка како резултат на еден квазиапокалиптичен страв, генериран со латентното губење на рамнотежата во доживувањето на Божјата љубов (и иманентност), од една страна и неговата правдина (и трансцендентност), од друга страна. Директна последица од ваквата духовна „згрченост“ е дуализмот во сите свои „христијански“ подваријанти… (more…)

Read Full Post »

crkva-svet1.jpg

Да не се лажеме – како одминува времето секоја следна генерација ја доживува Црквата како сè подалечна и подалечна. Не зборувам дека жедта на човекот по Бога почнува да се губи – просто разликата на фрекфенциите помеѓу животот во светот и животот во Црквата сè повеќе и повеќе доаѓа до израз. Каде е проблемот? Дали е во современото европско општество – кое до таа мерка се отуѓило од „своите христијански корени“; или, пак, е во неспособноста на црковната институција да се приспособи на „современата динамика на живеење“? Сум ги среќавал и двете формули, па дури во некои моменти – се случувало по малку и да се соживеам со секоја од нив. Но мислам дека ниту едната ниту другата не предлагаат доволно објективно видување на нештата.

Да, современото општество се оддалечува од формите карактеристични за христијанството кои ни се познати од минатото. Сепак, самото тоа се изградува врз фундаментални христијански концепти – и човечката слобода, и човековите права, и рамноправноста, и толеранцијата – се лајт мотиви на христијанската етика. Затоа многу е тешко (и неправилно) тоа општество така „олако“ да се окарактеризира како „безбожничко“… (more…)

Read Full Post »

zapalena-crkva.jpg

Уште пред да се случи прогласувањето на независноста на јужната српска покраина Косово и Метохија – си дадов збор дека барем некои десетина дена по собитието нема да напишам ниту збор по прашањето. Добро е човек малку да земе здив, да остави колку-толку да си легнат работите, па дури тогаш да опсудува и да предлага мислења. Се разбира, она за што ќе пишувам нема да бидат некакви специјални политички, економски и не знам какви анализи – ниту сум јас стручен за тоа, ниту блогов се занимава со наведените области – туку просто ќе се обидам да фрлам малку светлина на неколку клучни сегменти од целата приказна.

Првиот интересен момент, во секој случај, беше солидаризирањето на Римокатоличката црква и Светскиот совет на црквите со Србија. Ватикан јасно и гласно одби да ја признае самопрогласената независност на Косово. И тука може на долго и на широко да се „бистри“ и анализира – но едно е сигурно: Ватикан со ова направи многу битен чекор во насока на подобрување (или барем одржување) на дијалогот со православните (а особено со Руската Православна Црква)… (more…)

Read Full Post »