Последниве денови во Грција беше актуелизирано прашањето за легализацијата на хомосексуалните „бракови“. Формата под која тоа најверојатно ќе биде изведено подразбира договор со кој ќе се регулираат односите и обврските на двајцата „партнери“. Ваквиот договор de jure ќе има статус на замена за институцијата брак… Целава оваа приказна ме стави на мисла за една работа – колку всушност ваквата „легализација“ на хомосексуализмот им „одговара“ на самите хомосексуалци?
Која е воопшто поентата во „легализацијата“ на гревот? Привлекувачката, задоволувачката сила на гревот (особено на блудот, под кој, како негова екстремна форма, може да се вброи и хомосексуализмот) во голема мерка се состои токму во неговата „настраност“ (тоа не се однесува толку на „забранетоста“, колку свесноста на човекот за отклонувањето од „нормалното“ кое се случува при починувањето на гревот). Би можело да се рече дека „сладоста“ на гревот е токму во тоа – да се прави неприродното и неприфатеното… Точно поради тоа и идејата за „легализација“ на гревот изгледа самата по себе противречна – со избришувањето на хомосексуализмот од листата на девијантни однесувања како да се избријшува и причината која повеќето хомосексуалци ги натерала на тој начин да се „ориентираат“. Просто хомосексуализмот станува дел од здодевното секојдневие! Човек ем греши, ем не го гледа тоа и згора на се пак му е – здодевно. 100% загуба!
Се вели дека „ѓаволот не сака задоволни грешници“. Врвот на ѓаволската „уметност“ е ем да не натера да згрешиме, ем од тоа никакво задоволство да не почувствуваме. Тој сака да не натера да станеме „ревносни“ во гревот, па дури и тогаш кога се мачиме како „грешни ѓаволи“, или полудуваме од униние и кога јасно гледаме дека точно гревот е тој што нè убива – сепак „стоички“ да останеме во него! Мислам дека нешто слично може да се каже и за прикаската со „хомосексуалниот брак“. Идејата е ем да се продолжи со чинење на гревот, при што истиот тој грев ќе биде „растеретен“ од својата „грешност“, а со тоа и од задоволстввото (колку и тоа задоволство да е прелестно) кое гревот го причинува…
Бидејќи ја начнавме оваа тема на друго место, баш ме интересира твојот став околу легитимноста на борбата на црквата за делегализирање на хомосексуалниот „брак“ (таму каде што е веќе легализиран) и за спречување на неговата легализација (таму каде што се уште не е легализиран).
Ме интересира дали сметаш дека како христијани можеме преку „законски решенија“ да ја наметнеме светоста/моралноста?
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Самото јавување на идејата за „хомосексуален брак“ сведочи за тоа колку човек може да се самопонижи и да „дегенерира“. Ние како христијани треба да си го кажеме своето: ако сметаме дека „хомосексуалниот брак“ е негативна и деструктивна општествена појава, треба да го кажеме тоа јасно и гласно. Ако општеството се согласи со нас и ги преземе мерките, кои на еден правен и демократски систем му соодветствуваат – сме ја исполниле својата задача како христијани. Христијанството по никоја основа не е аполитично и нема потреба да се „трга на страна“ од прашања кои го засегаат редот и поредокот на општеството во кое присуствува.
И тука не станува збор за „наметнување“ на светоста и моралноста. Станува збор за исцртување на рамките кои го определуваат вредносниот систем на општеството во кое живееме и сакаме да живееме. Светоста на може да се наметне никому и тоа е јасно. Но исто така е јасно дека премолчувањето на гревот е грев само по себе.
Сепак, сево ова паѓа во вода ако изумиме дека ваквото општествено инволвирање на христијаните не може и не смее да биде изолирано или лишено од нивниот подвиг и автентичен живот во Христа. Само тогаш нема да станува збор за наметнување, туку за вистинско облагородување, т.е. христијанизирање на општеството.
ПС. Мислам дека од самиот текст кој го коментираме е доволно јасен мојот однос кон прашањето: „хомосексуалниот брак“ е нешто што на самите „хомосексуалци“ во суштина не им оди во прилог! Она што ние како христијани го сакаме не е „санкционирање на грешниците“, туку нивно преумување. Во таа насока се движат размислувањата во текстот. Без таквиот пристап – секое наше општествено ангажирање останува суетно (=празно, бесмислено, промашено и – на крајот на краиштата – гревовно).
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Ми се допадна тоа што индиректно ги посочи начините и целите на борбата против гревот, кои ги препознавам во термините облагородување, преумување и слични. Делумно се сложувам дека и борбата може да биде општеството да се „убеди“ дека ваквите легализации се штетни, но таквиот начин на решавање на проблемот не би рекол дека е „исполнување на нашата задача како христијани“. Затоа сум збунет од таа контрадикција, што подоцна ги користиш тие термини, бидејќи тие не можат да бидат задоволени со законски решенија и (де факто) законско утврдување на светоста. Таквиот проект еднаш веќе се покажа како неуспешен (СЗ). Впрочем, зошто тогаш црквата не се стреми со подеднаква ревност законски да ги забрани прељубата, лажењето, блудот, и да не редам понатаму, ја сфаќаш поентата?
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Основна позиција за која се засптапувам во разговоров е дека Црквата и општеството во кое таа постои не можат и не смеат да бидат така радикално разделени. Истовремено, тоа не подразбира задолжително усогласување на Црквата кон на неа спротивните стандарди на определено општество. Напротив, Црквата, како што веќе реков, не само што може, туку има должност активно да учествува во доближувањето (уподобувањето) на земното општество (царство) кон небесното.
Она без што моево дотукашно кажување би можело многу лесно (и сосема оправдано) да се препознае како погрешно и да се отфрли – се нештата кои на крај ги кажав во претходниот коментар. И на тоа немам што повеќе да додадам.
Она што тука го кажувам ни најмалку не соодветствува со твоето „законско утврдување на светоста“ од две причини. Прво, такво нешто (условно) би имало, кога би останале само на првите тврдења, без да го земеме последното (и суштествено)! Второ, самата фраза со која се ползуваш во себе содржи контрадикција, која и тебе ти е јасна – светоста не е нешто што може некому да се наметне. Во таа смисла, мојата критика не е насочена само кон општеството, туку и кон нас самите како христијани: прсветителството без светоста е промашена работа.
Примерите кои ги даваш не соодветствуваат со прашањето кое го опсудуваме: тука не зборуваме за забранување на хомосексуализмот, туку за преиспитување на неговото место во општеството во кое живеме. Така, на пример, ние не можеме да го забраниме блудот (особено не по старозаветен урнек), но ножеме доста смело да го дадеме своето мислење по прашањето за легализацијата на јавните куќи. Секако, ни остануваат уште две можности како да се поставиме кон овие прашања – или да го апсолутизираме само-по-себе-утешителното тврдење дека „не сме од овој свет“; или пак, во име на христијанската слобода, да се застапиме освен за наброените нешта, и за легализација на наркотиците на пример!?
Црквата, како Христов Богочовечки организам од почетокот била искушувана од овие две крајности. На нив се осврнува, на пример, отец Александар Шмеман, еден од клучите православни богослови на 20-тиот век, идентификувајќи ги со два навидум противпоставени, но суштествено истоветни начини на мислење – религиозниот и секуларниот. И едниот и другиот модел го дестабилизираат во Христа воспоставениот и нам зададениот баланс помеѓу божественото и човечкото, помеѓу небесното и земното, помеѓу нетварното и тварното. Ми се чини дека „контрадикциите“ за кои сега дискутираме, се сведуваат на историската „контрадикторност“ и „скандалозност“ на христијанското евангелие за ипостасното единение на божествената и човечката природа во Христа.
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Убави мисли. Поздрав.
Ми се допаѓаМи се допаѓа