Откако блогот веќе една година е во мирување, конечно се решив да го реактивирам. Не можам да ветам некоја особена редовност, но барем ќе се потрудам толку долги паузи повеќе да нема. Во секој случај, моето отсуство од блогосферата е повеќе од оправдано, што може лесно да се забележи од подолу поставените фотографии. Но, и поокрај временото отсуство од Македонија и обврските (кои ги има сè повеќе и повеќе) ќе се потрудам да бидам присутен на блогот. При тоа, освен воочливата промена во дизајнот, ќе воведам и некои промени во концептот – до сега блогот беше ориентиран само кон објавување на авторски текстови. Од сега, покрај авторските текстови, ќе може да се прочитаат и преводи, вести, коментари, интевјуа и т.н. Со тоа, секако, немам за цел од блогот да направам информативнен портал. Верувам дека составувањето на авторски текстови не е единствениот можен начин за изразување на определено гледиште, за поставување проблеми, или за побудување дискусии, туку истото може да се постигне (понекогаш дури и на подобар начин) и преку добро избраниот пренесен текст.
Archive for Февруари 5th, 2010
Wiedereröffnung!
Posted in Христијанска етика и аскетика on Февруари 5, 2010| 2 Comments »