Миг на безмолвие / Анамнисис на сонливиот утрински заборав / Предвкус: Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам…
Вонмем >>> попечението житејско во непроветрената одаја на делникот мамурно не пречекува.
Posted in Христијанска етика и аскетика on Мај 11, 2015| Leave a Comment »
Миг на безмолвие / Анамнисис на сонливиот утрински заборав / Предвкус: Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам…
Вонмем >>> попечението житејско во непроветрената одаја на делникот мамурно не пречекува.
Posted in Рефлексии on Мај 9, 2015| Leave a Comment »
Зарем помисли дека ќе те оставам? / Дека ќе ја заборавам ложницата твоја: топла, од лисје и цвеќе пролетно исткаена, со сонце прекриена? / Навистина ли не сети дека постојано со тебе бев?
Во секое превознесување твое / Во секоја надеж твоја суетна / Во секоја победа твоја јалова / Во секоја тула – и столб – и споменик твој / Во секоја тупаница твоја кон небото крената – и свиреж, и лелек, и роптеж самозадоволен / Во секое богатство земно – покажано јавно, или од очи сокриено /…/
Во спокојот што го загуби денес:
>>> Како облак од пареа водна: маглеста-бела-провидна. Избледува сонот, заменет со тежеста на плотта отрпната.
Posted in Рефлексии on Мај 8, 2015| Leave a Comment »
Мрзливост седвижечка / Негрижа спасителна / Превознесување возвишено / Незнаење самоуверено / Гордост победоносна / Самољубие избавително / Самооправдание мажествено / Завидување себепожртвувано / Обвинување бестрашно / Осудување непоколебливо / Клеветење штедроглаголиво / Збороискривување досетливо / Препирање устојчиво / Лакомост плодоносна /…/…/…/
Безобразие обилно-изобилно-преизобилно:
Глеј >>> претекува и се разлива по голобрадите муцки на отроците Израилеви.