Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Октомври, 2015

ginekologijaOK

Смртни случаи во државните клиники – протест

По случајност или промисла ја поминав завчерашната ноќ на скопска гинеколгија, додека лекари трчаа на сите страни за да го спасат животот на 38-годишната несреќна жена за која пишуваат весниците деновиве. Недела вечер. Дојде директорката на клиниката, од дома, или од гости, претрча преку холот. Не ја знам жената, но очигледно беше решителна да направи се што е во нејзина моќ да го спаси животот на пациентката. После неа дотрча (ама буквално дотрча) друг лекар, го чекаа на врата и го „брифираа“ други двајца трчајќи заедно со него кон операционата сала. Како во филм. Дежурните лекари беа постојано ангажирани на случајот – и ниту еден од нив не ми личеше на печурка, како што си ги замислува мојот драг Мариглен Демири во неговата погоре цитирана беседа (не знам дали некогаш воошто имал прилика да ги види тие луѓе во очи, можеби тогаш и нему поинаку ќе му се видат). Напротив, станува збор за најдобрите во Македонија, универзитетски професори од Медицинскиот факултет. И покрај се, жената почина. Причините за тоа може да се бараат на различни места, во „случајноста“, во „црната судбина“, или во општата медицинска неписменост на граѓаните – но, не во лекарите од клинички центар. (more…)

Read Full Post »

Untitled

Глетка 1. Велосипедист застанат на пешачки премин; потсимнат од седиштето и застанат со рамот од велосипедот меѓу нозете – вика и мавта со раката кон автомобил застанат пред пешачкиот премин на 2-3 метри од него. Внатре: возрасен човек со брада и коса врзана во „опашка“, кој како да го предизвикува, зборува нешто неразбирливо отаде ветробранот и ја придвижува раката напред-назад.

Глетка 2. Свештеник во автомобил, со детски штитници за сонце со нацртано smiley на задните стакла: здивнува со олеснување. Возилото застанато пред пешачки премин, а пред него момче со велосипед, околу 20 години, со средно долга коса – запрел на преминот, мавта со раката кон него, вика, потоа со полуотворена дланка прави неколку полукругови покрај десното уво во манирот: „Ненормален еден, оди да се лечиш!“

Глетка 3-4. Додека велосипедистот полека се придвижува пеш преку преминот буткајќи го велосипедот и непрестајно навредувајќи ја силуетата зад воланот, возачот упорно му дава знак на момчето да се приближи до отворениот прозорец. На крај, велосипедистот го губи трпението – тргнува забрзано кон колата со стиснати тупаници и полна уста предизвикувачки зборови. Возачот благо се насмевнува. (more…)

Read Full Post »