Коментар по повод „торжествената“ медиумска најава на новиот Закон за абортус, промовиран под мотото: „Волјата на жената на прво место“
Апсолутно сум согласен дека волјата треба да е на прво место. Најголемиот број случаи на т.-нар. „непосакувана бременост“ воопшто не би ги имало – доколку луѓето би имале силна волја и би знаеле точно што сакаат со себе во животот. За жал, имам впечаток дека тука воопшто не се зборува за тоа. Напротив, она што се нуди не е никакво решение на проблемите, а тие се еден куп: прашањето за слободата и изборот, прашањето за правото на живот, прашањето за одговорноста, за солидарноста, за сочуството, за почитта, за грижата и совеста. Засегнатите прашања остануваат без одговор. За раните и болката не се нуди лек. Наместо тоа, се даваат седативи од најразличен вид – од апови во сите бои, па се до „хигиенски“ потфати од најразличен вид. Неспорно, ништо од тоа на човека не може да му се забрани, изборот не е предмет на спор. Но, тоа е еден трагичен избор. Со него ништо добро не се постигнува, само се пропаѓа – од темнина во мрак. Општество кое не ја обврзува личноста да стекне целосно сознание за мракот во кој избира да падне е мрачно, опскурно општество. Во него нема ниту трага од идеалот на просветителството, ниту трага од потребата да се осознае стварноста и врз основа на тоа сознание да се донесуваат одговорни одлуки. Ништо од сето тоа. Колку помалку знаеме, толку совеста ќе ни е „поисчистена“ и толку побезболно ќе ни биде врвењето по патот кон неизбежната умирачка! Се на се, беспредметно е денес да се бара мракот во далечното „средновековие“, кога го имаме пред сопствените лица.
https://time.mk/r/c/1f601dd068/
Ми се допаѓаМи се допаѓа