Имињата, етикетите, зборовите во суштина се само празни школки, крлушки разнесени од брановите на вековите. Она што има вредност зад сите тие нешта се човечкото достоинство, чесноста, честа, мажественоста, доблеста. Последните нешта не причислуваат кон вечноста, додека првите се само обвивки низ кои тие се манифестираат. Читајќи ги житијата на светите, некогаш се прашуваме дали сите маченици навистина морале баш така и тогаш да загинат. Некогаш можеле да го избегнат страданието и смртта. Некогаш нивното страдание изгледа дури потполно непотребно. Но, она што му останува скриено на ваквото видување се вредностите и смислата кои стојат зад конкретната ситуација. Можеби маченикот и би преживеал, но што би била ползата од еден христијанин кој се откажал од достоинството и доблеста во конкретниот момент кога бил повикан да го даде своето сведоштво. Значи, не се празните зборови и имиња она од што христијаните не отстапуваат – туку тоа се чесноста, честа и мажественоста кои се пројавуваат преку надворешните облици. За жал, некогаш, откажувајќи се менливите и минливите нешта се откажуваме и од вечните. Тогаш ќе станеме бесвкусни и блуткави, ќе немаме сила за ништо, освен да бидеме фрлени надвор луѓето да не изгазат… (Матеј 5,13)
Archive for Јуни 12th, 2018
Имиња
Posted in Христијанска етика и аскетика on Јуни 12, 2018| Leave a Comment »
Пребарувај
Календар
-
Последни текстови
Категории
- Византиска философија (11)
- Етички теми (10)
- За животот на Црквата (14)
- Отец Кирил Пејчиновиќ (17)
- Преводи (4)
- Преземено (2)
- Рефлексии (5)
- Свети отци (6)
- Современо богословие (8)
- Уметност (6)
- Христијанска етика и аскетика (115)
- Христијанска философија (10)
- Црква и општество (5)
Последни коментари
о. Милан на Кој ги воспитува децата? о. Милан на „У Београду не умираат…“… Milan на Волјата на прво место Интерстелар | Агапи на Интерстелар Презвитер Александар на За богословскиот опит и академ… Блогови