– Ееее, друже, брза пошта овде, стигна пратката. Ај излези на паркинг…
– Прво, не сум „друже“. Второ, доставата треба да е до адреса, а не до паркинг.
– Господине, види вака, надвор врне и послесно е ти да дојдеш да си ја земеш.
– Не сум ни „господине“! Ако ти врне тебе, тогаш и мене ми врне, а тебе ти е платено да ми ја донесеш пратката на адреса.
– Епа, ова е до адреса. Ти сакаш до врата, ама тоа е друго…
Со последнава дистинкција конечно ме убеди! Одев така просветлен кон паркингот со чадор во рака и со некакво магливо чувство дека станува збор за déjà vu. Како целокупната општествена дијалектика на нашево време да се синтетизира во „отрезнувачкиов“ исказ. До адреса и до врата не ти било исто, кој да се сети…