Мнозина се прашуваат – каква е општествената програма на православието? Како верата ќе го направи овој свет подобар, како ќе ги направи луѓето почесни, поуспешни, помоќни? Едни ќе прашаат – како верата ќе придонесе во градењето на правната држава, на демократските вредности, на малцинските права; други – како ќе помогне во сочувувањето националната култура, локалните традиции, растот на наталитетот? Некои ќе се замислат – како верата ќе помогне во унапредувањето на здравиот начин на живеење и грижата за животната средина? Сите овие прашања тргнуваат од една појдовна претпоставка – претпоставката дека верата е средство за постигнување на „нешто друго, различно од неа“. Затоа, не е можно да се даде одговор на ниту едно од наведените прашања. Едноставно, тие се погрешно поставени. Наместо прашањата и залудните обиди да се изнајде каков-таков одговор на нив, Светото писмо дава сосема поинаква насока на размислвуање кога е во прашање нашиот однос кон светот: „Не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте! Сето тоа го бараат и незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно. Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви се придаде!“ (Лука 12,29-32)
Напишете коментар