Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Април 2nd, 2019

Rainbow_Gathering_Bosnia_2007

Православното христијанство има почит кон религиите, но ја презира новокомпонираната кич-религиозност на New Age-от. Религиите на светот се автентичен израз на вековната потрага на човештвото по конечната Вистина. Од друга страна, New Age движењата чинат се за да го оддалечат човека од се што е автентично. Тие претставуваат религиозен симулакрум, безбожништво облечено во одежда на хиндуистички монах, властољубие и среброљубие завиени со тогата на јогин-питач, кич и невкус премачкани со „златна“ боја во „фенг-шуи“ ентериерите и т.н. и т.н. New Age-от е продукт на современиот потрошувачки цинизам – кој сите ништа ги „ослободува“ од нивните суштествени состојки: кафе без кофеин, засладувач без шеќер, кашкавал без млеко, религиозност без Бога. New Age-от е зомби-религијата на безбожните деца на новиот Вавилон, која безочно манипулира со внатрешната потреба на секој човек да го спознае Бога. Продуктите што тој ги нуди во ништо суштинско не се разликуваат од евтините продукти увезени од источно-азиските земји, од пластични играчки и тоалетна галантерија, преку 1000 тракатанци произведени од бамбус и коноп, па се до техника и мобилни телефони. Дури и нештата што би требало да имаат некаква внатрешна убавина и патина, како што се рачната изработка, традиционалните форми на уметност, музика, градба, исхрана, грижата за животната средина, а со нив и религиозноста – го губат својот изворен логос, претворајќи се во некаква хипи-алтернатива на обездушениот свет на денешницата и обезбедувајќи му привиден легитимитет на консумеристичкиот поредок на постхуманистичкото општество.

Advertisements

Read Full Post »