Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Јуни 18th, 2020

Pazar-zemjodelci-foto-minis-1
Правам муабет денес со еден мајстор, одговорен и чесен човек, со семејство и деца. Јас со заштитна маска цело време, тој без. „Која превара е ова со коронава што ја измислија…“, почна да ми прави муабет. Не му притивречев. Само се насмевнав (колку што можев со маската на лице) и брзо сменив тема.
Размислувам и, право да ви кажам, не наоѓам никаква вина во него. Дури, мака ми е постојано да слушам и да читам коментари како „народот бил прост“. Пренебрегнувањето на здравствените препораки во тековната пандемија не е резултат на некаква „колективна простотија“. Тоа е попрво манифестација на еден колективно изграден одбранбен механизам, заснован врз хронична општествена недоверба. Одговорноста за неспроведување на заштитните мерки не е и не може да биде во „народот“. Таа е во рацете на клучните општествени чинители кои треба да се изборат за довербата на граѓаните. Тоа не може да се постигне на ниту еден друг начин освен со конкретни дела и личен пример. Ми се приплакува од помислата колку сме далеку од такво нешто…

Read Full Post »