Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Јули, 2020

Deesis-Mosaic-in-Hagia-Sophia-9Кому не му е јасно зошто „тоталниот суверенитет“ е неодржлив концепт во денешно време и кој мисли дека следењето на заедничките стандарди и одлуки претставува „мешање однадвор“ и „негирање на самостојноста“ – нека ги следи случувањата во Турција поврзани со самоволното поништување на одлуката од 1934 година со која Света Софија во Истанбул е прогласена за музеј и со нејзиното денешно пренаменување во џамија. Како што денес коментираше еден мој професор и драг пријател од Бугарија, следниот чекор веројатно ќе биде возобнувањето на институцијата на јаничарите. Шегата на страна, поновата историја ни покажува дека од ваквите постапки најмногу губат оние што ги предизвикуваат, а особено оние што ги поддржуваат. Триумфализмот и демонстрирањето на моќ се првите чекори кон сопствениот пораз – чудно како таа општо позната мудрост на старите империи им е непозната на денешните „реставратори“ и „суверени“.

Read Full Post »