About: Милан Ѓорѓевиќ
- Веб страница
- https://digitalareopagus.wordpress.com/
- Детали
- Отец Милан Ѓорѓевиќ, православен свештеник, универзитетски професор, истражувач на средновековната теологија, философија и култура. Блогот „Дигиталниот Ареопаг“ постои веќе 10 години, уште од студентските денови. На него се напластени искуства и размислувања за „човечките и божествените нешта“ собирани низ времето и времињата; некогаш нагло и обилно, некогаш со долги прекини и почивки; многу од нив веќе одамна заборавени, оставени некаде назад по патот. Како некој друг да ги пишувал... Човекот е патник, homo viator. Незнајниот сопатник и собеседник можеби е некој кого одамна го познава; можеби е само прашање на време кога ќе го препознае.