Feeds:
Написи
Коментари

Archive for the ‘За животот на Црквата’ Category

Од беседата на српскиот патријарх Порфириј на востоличувањето (19. февруари 2021)          

Првенствена задача на Црквата не е да создава подобри услови за живеење; првенствена задача на Црквата не е да се труди да решава каков било вид социјални, политички, психолошки и други проблеми. Во Црква доаѓаме на Света литургија, за тука да го допреме и да го насетиме што е она што е „единствено потребно“ (Лука 10,42), што е најважно; за тука да го допреме и да го примиме Крстот Христов – но Крстот Христов кој истовремено е и Воскресение. Тоа е основната задача на Црквата, затоа таа постои во светот. А сите овие други нешта што ги спомнавме, самото по себе, како продукт на тоа примарно определување, ќе бидат озарени токму со истиот тој Крст и со Воскресението Христово. Ако сѐ имаме, а тоа го немаме – залудно е. Ако тоа го имаме, тогаш сѐ друго сме добиле.

*

Браќа и сестри, важно е да ја осетиме силата на Црквата да го живее и да го сведочи мирот, благовестејќи им го (мирот) на сите народи и на сите луѓе со добра волја. Повторувам, на сите народи, бидејќи секој човек е создаден како икона Божја и сите сме повикани да бидеме едно во Него, Спасителот. Не можеме да си Го присвоиме Христа и да кажеме – Христос е наш и затоа ние сме подобри од другите. Ако Нему му припаѓаме, тогаш се трудиме преку Него секој во нашето срце да биде наш; срцето наше да биде простор, во кој, токму поради тоа што Он во него престојува, ќе има не само место за сите, туку ќе има место за сите да живеат во љубов и во прегратка со нас.

*

Посланието на Црквата е да го изградува мирот и меѓусебната доверба, со силата на Христовиот мир кој ѝ е подарен на Црквата со зборовите „мирот Свој ви го давам“ (Јован 14,27). Ако го имаме Божјиот мир во себе, ќе се помируваме со другите луѓе, со природата, а ќе бидеме и измирени со себеси. Со еден збор, ќе бидеме благовесници на мирот. Нашиот придонес нема да биде пред сѐ во она што го правиме, туку во она што сме, а од тоа што сме – ќе го правиме и она што треба да го правиме. За една таква цел, отци, браќа и сестри, вреди да се живее, вреди и сопствениот живот да се положи.

(more…)

Read Full Post »

ca_vaccinestock_12820istock

Обично гледам да не се контаминирам со секакви содржини што може да се најдат на социјалните мрежи, но кога луѓе ќе почнат тие содржини да ми ги споделуваат на мојот личен ФБ-профил должен сум – сакал несакал – да ги исчитам. И така, додека цел свет е во исчекување што поскоро да се произведе лек и вакцина за коронавирусот, се наоѓаат такви кои токму во лекот и вакцината гледаат смртна опасност – и тоа, ни помалку ни повеќе – за нивната православна вера. Имено, проповедаат тие, антихристот лично ја предизвикал пандемијата за да може да го „чипира“ целото човештво со „течен чип“, кој, всушност, е „печатот на антихристот“. Секако дека човек со одредени психички нарушувања може да се соживее со една таква прикаска и да потоне во неа (сетете се само на A Beautiful Mind со Russell Crowe), но таквиот може да биде многу убедлив и да привлече други сосема нормални луѓе кои ќе му поверуваат. Кога речиси неограничените комуникациски можности на социјалните мрежи ќе паднат во рацете на такви кругови се произведува колективна конфузија. Тоа го гледаме веќе некое време со „рамноземјашите“, „антиваксерите“, „запрашувачите“ и сл. Сепак, не се во прашања само „психички лабилни лица“, туку цел еден начин на разбирање на религиозноста кој нема ништо заедничко со православната вера. За да го обосновам ваквото тврдење, како што си е редот, ќе започнам со мал историски преглед.

Уште во 17. век американските пуританци на чело со гувернерот Роберт Винтроп ги прогласуваат затекнатите индијански племиња од територијата на Масачусец за сатански слуги, при што безмислосната борба со нив добива „метафизички“ карактер. Во текот на 18. и почетокот на 19. век за главни непријатели на протестантските американци се проглесуваат масоните и илуминатите, како и мормоните, а особено римскиот папа. Ирските имигранти се сметале за главните спроведувачи на папаската завера да завладее со САД и да ги укине слободите на граѓаните. Набргу, акцентот се поместува кон анти-ропското движење во САД, кое повторно се гледа како заговор – овојпат против белата раса чиј супериорен статус е востановен лично од Бога. Појдовниот наратив на кју-клакс-кланот во времето по граѓанската војна во САД е дека постои завера, според која дотогашните робови ќе станат господари и ќе го „африканизираат“ југот. Во сите наведени случаи забележуваме своевидно „воплотување“ на „есхатолошкиот непријател“ (сатаната) во ликот на оние што се обележани како „непријатели“ во овој век. Оттука, евентуалната победа на „непријателот“ во конкретниот историски момент се гледа како духовна катастрофа со космички димензии. Во прашање е борба меѓу доброто и злото која се одвива сега и тука, во материјалниот свет, и од чиј исход зависи судбината на човкот во вечноста. На тој начин, се губи границата меѓу телесната и духовната борба, што од гледна точка на православната аскетика е недопустливо, бидејќи според според неа историската криза вообичаено се толкува како шанса за духовна обнова преку μετανοία, т.е. покајание. На таков начин се толкуваат најтрауматичните епизоди од историјата на православната црква, како што се падот на Константинопол, Црвената револуција или страданието во нацистичките концентрациони логори. Но, да се вратиме на историскиот преглед на теориите на заговор. (more…)

Read Full Post »

Томина недела. По Воскресението Христос им се јавува на апостолите и им вели „примете Дух Свети“ (Јован 20,22). Св. ап. Тома е отсутен и кога ќе слушне за ова не верува дека апостолите го виделе Господа воскреснат. Вели, прво сака лично да го види и да го допре, па потоа ќе поверувал. По една седмица Христос пак им се јавува, меѓу нив и Тома. Христос му приоѓа и му вели да го допре за да поверува како и другите. Откако Тома стаписан ќе го изговори славното „Господ мој и Бог мој!“, Христос му одговара: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!“ (Јован 20,24-29).

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето и статистиката. Затоа Тома го добива истиот прекор што претходно го добива Марта, сестрата на Марија: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи, но само едно е потребно“ (Лука 10,41-42). Слично постпуваме и ние кога имаме задршка, па дури и одбивност кон практукувањето на црковниот живот. Мнозина не сакаат дури ни да се крстат, а истовремено се сметаат себеси за православни. Тие го „одложуваат“ крштението, како што мнозина ја одложуваат исповедта, причеста, молитвата и т.н. Но, токму правосалвната Литургија треба да стане средиштето на животот на секој православен христијанин, од неа треба да започнува и кон неа треба да приведува се што правиме. Недолично е за православниот човек кој го пронашол духовниот бисер, непроценливото богатство на православната апостолска вера, да бара други „богатства“ по калливите сокаци и мегдани на овој свет и век. Литургискиот собир возглавен од православен епископ е „единственото потребно“ за оној живот во Христа за кој ни говорат светите отци на Црквата, а за кој ние толку ретко сакаме да слушнеме. Наместо тоа, претпочитаме да „експериментираме“, да „споредуваме“, да „опсервираме“, да се нагодуваме и да се препираме, да талкаме и да рационализираме. Најмногу од се, сакаме да се правиме „објективни“, „непристрасни“ и „полезни“ токму околу оние нешта кои не можат да се сведат до материјални, математички и рационално докажливи факти, нешта кои не се исцрпуваат со историските цели и задачи, кои час ги очекуваме во времињата што идат, а час гледаме дека потонале зад нас во морето на неповратното минато. Православниот литургиски живот е вкусување на вечноста, а човек што ќе ја вкуси вечноста не бива да се откаже од неа и да бара замена за неа на било кое друго место во минливото време. Наместо тоа, треба да возрастува во православната вера и да стане причастен на Христовата љубов. Само тогаш ќе може нелицемерно да ги прегрне другите, различните, поинаквите. Тогаш и другите ќе почувствуваат дека неговата прегратка не очекува ништо за возврат и „не го бара своето“ (1. Кор. 13,5). Никогаш нема да можеме да ги сакаме другите на ваков начин, ако духот на сомнежот остане вгнезден во нашите срца. Поради тоа, канонското начело за единственоста и незаменливоста на православната Литургија не само што не стои на патот на општењето со другите, туку е негов основен предуслов. Зборовите упатени до св. ап. Тома нека не потсетуваат на тоа колку е скапоцен дарот на Телото и Крвта Христови, но и на тоа колкава е одговорноста што тој дар ја носи. Христос Воскресе!

Read Full Post »

image

Работите се отидени подалеку отколку што си мислев. Западот во потполност губи осет за религиска идентификација: атеистите тука се навистина атеисти и немаат никакво чувство на припадност кон верската заедница од која потекнуваат. Наспроти тоа, кај нас традицијата е моќна, па така човек може да биде „убеден атеист“, или коледарски/вевчанко-карневалски паганин – но тој се уште (макар и крајно површно и и на несоодветен начин) ќе се идентификува со православната Црква, ќе се застапува за неа, ќе ја чувствува како своја. (more…)

Read Full Post »

makedonska-posna-trpeza-24apteka-e1365853051542Овие денови влегуваме во оној дел од годината кога пријателството и дружењето силно се интензивираат, а гостопримстовото станува доминантна добродетел. Истовремено, започнува и повеќенеделниот божиќен пост, кој нас, православните христијани, не повикува на повлекување, воздржание и покајание. Се чини дека сме поставени пред избор: или ќе го избереме патот на постот и повлеченоста, или ќе го избереме патот на празнувањето и дружењето. (more…)

Read Full Post »

Грузиската православна Црква и грузиската влада неодамна започнаа со спроведувањето на еден невообичаен проект, со цел реформирање на казнениот систем и намалувањето на пренатрупаноста во затворите. Имено, на грузиските затвореници, кои имаат добро поведение и издржале 2/3 од затворската казна, им се нуди остатокот од казнениот рок да го поминат престојувајќи и помагајќи во некој од грузистките манастири. Проектот е моментално во експериментална фаза, но се очекува набрзо да стане општоважечки.

Во грузиската јавност се води дебата околу проектот, при што аргументите на неговите противници воглавно се сведуваат на прашањето: што е со затворениците, кои сакаат остатокот од казнениот рок да го поминат надвор од затвор, но не се православни? Дали и тие ќе добијат можност да го поминат остатокот од затворската казна во своите верски заедници, или, пак, ќе мора да останат до крајот на казнениот рок во затвор? Сепак, во Грузија – во која повеќе од 80% од населението е православно, во која православната Црква особено е почитувана меѓу населението и во која затворите стануваат претесни за енормниот број затвореници – на проектот во главно се гледа позитивно. (more…)

Read Full Post »

Христос воскресна! Навистина воскресна!

Христос Воскресе! Воистину воскресе!

Ηριστός ανέστη! Αληθός ανέστη!

Christus resurrexit! Vere resurrexit!

Christus ist auferstanden! Wahrhaft auferstanden!

Christ is Risen! Indeed, He is Risen! (more…)

Read Full Post »

Христос се роди!

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините, Господи, Слава Ти.

Рождество Твоè, Христè Боже наш, возсия мùрови свет рàзума: в нем бо звездам служàщии звездòю учахуся Тебè клàнятися Солнцу правди, и Тебè вèдети с висотù Востòка: Господи, слава Тебè.

Your Nativity, O Christ our God, has shone to the world the Light of wisdom! For by it, those who worshipped the stars, were taught by a star to adore You, the Sun of Righteousness, and to know You, the Orient from on High. O Lord, glory to You!

Христос се роди!

(more…)

Read Full Post »

Можеби ова што сега ќе го напишам ќе изгледа противречно на напишаното во претходниот текст. Сепак, го прземем тој ризик, за да не се случи некои работи да останат недоречени. „Човекот е она што го јаде“ – и колку да не би му се бендисала на Фоербах веќе широко распространетата православна интерпретација на овие негови зборови, сепак истата останува применлива како во контекстот на литургијата, така и во контекст на подвижништвото во целина. Пренесено во нашиов контекст – човекот станува она што го чита, т.е. она што интелектуално го восприема, со што интелектуално се храни (меѓу другото оваа форма на богопричестување – која отец Александар Шмеман ја нарекува „света тајна на словото“ – особено бива нагласена кај свети Никола Кавасила).

Таа храна понатаму следува да се преработи. Со други зборови, потребно е време и подвиг на постојано и молитвено „прежвакување и варење“ на восприменото, како човек тоа навистина лично би го воспримил. Дел од тоа „преџвакување и варење“ е систематизирањето на восприменото и негово изразување со јазикот на „современото систематско богословие“. Но тоа не е целта и крајот на подвигот. Мислам дека дури после години вакво работење (повторно подвлекувам – тоа работење не може да биде изолирано од комплетниот литургиско-аскетски ангажман на целиот човек) настапува „ослободување од цитатите, фуснотите и академизмот воопшто“…

(more…)

Read Full Post »

Попладнево препрочитав еден текст што пред околу половина година го пишував за свети Никола Кавасила. Во текстот, покрај останатото, стои следново:

Растеретен од потребата самиот да ја нагласува својата втемеленост врз преданието (како што тоа го прави мнозинството од византиските отци), тој на секоја страна на неговите главни богословски дела Животот во Христа и толкувањето на Светата литургија постојано се повикува на него, без при тоа да обрнува внимание на наведувањето на своите извори. Тоа пред сè сведочи за неговата сраснатост со преданието и високиот степен на негово лично восприемање, но истовремено и за големата слобода во разгрнувањето на истото.

Читајќи го ова ме замисли едно нешто – која е смислата на „школско-научното“ занимавање со делата на светите отци? Еве, текстот од кој е земен овој цитат, има триесетина фусноти со забелешки, препратки кон други автори, анализи и т.н. Од друга страна, предмет на мојот интерес е еден автор, кој крајно безобразно (од таа „школко-научна“ гледна точка) избегнува да си ги наведува источниците, да пишува белешки „под црта“. Што е уште „пострашно“ – тој воопшто не е осамен во неговата традиција! Ако најдете еден византиски автор кој се нафатил уредно да исцитира се што препишал или парафразирал… Па сепак токму тие автори ги сметаме за врвни авторитети во византискиот мисловен свет…

(more…)

Read Full Post »

Older Posts »