Feeds:
Написи
Коментари

Archive for the ‘Преземено’ Category

Грузиската православна Црква и грузиската влада неодамна започнаа со спроведувањето на еден невообичаен проект, со цел реформирање на казнениот систем и намалувањето на пренатрупаноста во затворите. Имено, на грузиските затвореници, кои имаат добро поведение и издржале 2/3 од затворската казна, им се нуди остатокот од казнениот рок да го поминат престојувајќи и помагајќи во некој од грузистките манастири. Проектот е моментално во експериментална фаза, но се очекува набрзо да стане општоважечки.

Во грузиската јавност се води дебата околу проектот, при што аргументите на неговите противници воглавно се сведуваат на прашањето: што е со затворениците, кои сакаат остатокот од казнениот рок да го поминат надвор од затвор, но не се православни? Дали и тие ќе добијат можност да го поминат остатокот од затворската казна во своите верски заедници, или, пак, ќе мора да останат до крајот на казнениот рок во затвор? Сепак, во Грузија – во која повеќе од 80% од населението е православно, во која православната Црква особено е почитувана меѓу населението и во која затворите стануваат претесни за енормниот број затвореници – на проектот во главно се гледа позитивно. (more…)

Read Full Post »

Преземено од Утрински весник

strumica260820045.jpg
Во епархиите на Македонската православна црква во градба се над 120 цркви кои ќе бидат завршени годинава или најдоцна во почетокот на наредната. Во Архиепископијата немаат вкупни податоци каде и колку се гради, како и колкав е бројот на завршените црковни објекти што се предадени во употреба последните една-две години, бидејќи секоја епархија си има свој буџет, свои верници и ктитори кои директно ја финансираат градбата.

Меѓутоа, впечатливо е дека доста се гради и се настојува да се „покрие“ секоја градска населба или село кое досега немало црква или, пак, била премала за духовните потреби на верниците. Тука не спаѓаат црквичките, параклисите и местата со „света вода“, кои без благослов на надлежните епархиски архијереи ги изградиле „верници“ кои во сон „од горе“ добиле порака дека нешто треба да изградат. Најчесто, самите ја злоупотребуваат недоволната упатеност на луѓето во верата и ваквите нелегални објекти, кои од црковни обележја имаат единствено крст и никаква врска со религијата, најчесто се користат за злоупотреба на туѓата мака и во нив „ординираат“ јасновидци, бајачи и гатачи…

Read Full Post »