Feeds:
Написи
Коментари

2210345ok

Несомнено, лицемерите би можеле да се соблазнат кога уште во почетокот ќе прочитаат дека моево пасхално размислување ќе им го посветам на парите. На таквите однапред им се извинувам што наместо да пишувам за возвишеноста на смртта и воскресението на Спасителот и за онтолошките импликации на истото ќе пишувам за една толку секојдневна и „реална“ тема како оваа. Секако, тоа не го правам без причина: за мене Велигден е празник на реалноста во најпотполната смисла на зборот, кој е онолку релевантен за мене како христијанин колку што е неразделен од секојдневието. Со други зборови, доколку „секој ден не е Велигден“, туку само еден ден во годината, своевиден ексцес во мирниот тек на деновите од годината – тогаш јас категорично одбивам да празнувам еден таков „празник“. повеќе »

Номинални неверници

image

Работите се отидени подалеку отколку што си мислев. Западот во потполност губи осет за религиска идентификација: атеистите тука се навистина атеисти и немаат никакво чувство на припадност кон верската заедница од која потекнуваат. Наспроти тоа, кај нас традицијата е моќна, па така човек може да биде „убеден атеист“, или коледарски/вевчанко-карневалски паганин – но тој се уште (макар и крајно површно и и на несоодветен начин) ќе се идентификува со православната Црква, ќе се застапува за неа, ќе ја чувствува како своја. повеќе »

Лек против простотија?

1526849_10201967099512964_1002715928_nokНеспорно е дека сме некултурни, невоспитани, необразовани, дека се восхитуваме на секаков евтин (и скап, понекогаш многу скап) кич, дека турските сапуници ни стануваат мерка за стварноста и вредностите, дека во кафаните ечи турбо-фолк, дека на празниците и свеченостите го оставаме зад себе и она малку достоинство што го имаме. Сето тоа е премногу очигледно. Прашањето што ме мачи е: дали ако тоа се промени ќе станеме навистина подобри? повеќе »

Работнички…

crven-cador-banskoliev-(1)

Поговорката дека курварлакот е „најстариот занает“ на светот сѐ уште не успева да ме убеди дека истиот е нормално да се третира како професија во денешна смисла на зборот. Замислете само: при крајот на напорниот работен ден ви се „присакува“ и убаво си одите до најблискиот пункт за добивање на „сексуални услуги“. На шалтерот ве пречекува насмеана „мадам“ и љубезно ве поздравува, на што вие на брзина отпоздравувате и нестрпливо прашувате кои оператори и услуги се достапни. Наместо тоа, исклештената мадам од шалтерот ви нуди флаер и почнува да ви раскажува за најновите новогодишни промоции и пакети, на што вие само отсутно климате со главата и цупкате со ногата под шалтерот во надеж дека презентацијата ќе трае што е можно пократко. После неколкуминутниот монолог на извежбаната госпоѓа, вие го земате флаерот, формално се заблагодарувате и велите дека него би сакале дома да го проучите, додека за овој пат би се задоволиле со некоја од постојаните услуги. Госпоѓата од шалтерот воздржано ви климнува со главата, при што не заборава да ви препорача да ја погледнете и нивната веб презентација, како и да обрнете особено внимание на новата опција „онлајн нарачки за дома“. повеќе »

makedonska-posna-trpeza-24apteka-e1365853051542Овие денови влегуваме во оној дел од годината кога пријателството и дружењето силно се интензивираат, а гостопримстовото станува доминантна добродетел. Истовремено, започнува и повеќенеделниот божиќен пост, кој нас, православните христијани, не повикува на повлекување, воздржание и покајание. Се чини дека сме поставени пред избор: или ќе го избереме патот на постот и повлеченоста, или ќе го избереме патот на празнувањето и дружењето. повеќе »

World War Z

WorldWarZ-ZombiewallTrailerHelifull5Силата наша е во слабоста… Демоните бегаат од слабиот, болниот, истоштениот. Не плаши се од болеста и смртта – тие се најмоќното оружје против демоните. Тоа е носењето на крстот за кое зборува Господ. Без тоа нема мир, без тоа нема победа против лукавиот. Она што изгледа дека е предност на лукавиот, всушност е неговата најголема слабост. Со смртта смртта се победува. Раслабениот и изнемоштениот се надмоќни во таа борба, а не телесно силниот и здравиот.

Не знам за вас, мене ми е доста баклава за целава претстојна година! На страна баклавата, луѓето на кои им го честитав нивниот празник искрено се израдуваа. Честитањето на верски празник на наш ближен кој е припадник на друга религија не претставува празнување на тој празник, туку е празнување и уважување на личноста на ближниот. Во крајна сметка, тоа е прекрасен начин да го сведочиме Христовиот мир меѓу оние кои не се членови на Црквата. Следствено, нема место за обвинувањето дека го изневеруваме Евангелието кога се однесуваме пристојно и домаќински (како што впрочем векови на назад се однесувале нашите воспитани чукундедовци, кои можат да ни бидат само пример за православно живеење)

(коментирано на: https://www.facebook.com/evropska.eparhija/posts/336739163127441?comment_id=1588546&notif_t=like)