Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘вавилонска’

crkva-svet1.jpg

Да не се лажеме – како одминува времето секоја следна генерација ја доживува Црквата како сè подалечна и подалечна. Не зборувам дека жедта на човекот по Бога почнува да се губи – просто разликата на фрекфенциите помеѓу животот во светот и животот во Црквата сè повеќе и повеќе доаѓа до израз. Каде е проблемот? Дали е во современото европско општество – кое до таа мерка се отуѓило од „своите христијански корени“; или, пак, е во неспособноста на црковната институција да се приспособи на „современата динамика на живеење“? Сум ги среќавал и двете формули, па дури во некои моменти – се случувало по малку и да се соживеам со секоја од нив. Но мислам дека ниту едната ниту другата не предлагаат доволно објективно видување на нештата.

Да, современото општество се оддалечува од формите карактеристични за христијанството кои ни се познати од минатото. Сепак, самото тоа се изградува врз фундаментални христијански концепти – и човечката слобода, и човековите права, и рамноправноста, и толеранцијата – се лајт мотиви на христијанската етика. Затоа многу е тешко (и неправилно) тоа општество така „олако“ да се окарактеризира како „безбожничко“… (more…)

Read Full Post »