Несомнено, лицемерите би можеле да се соблазнат кога уште во почетокот ќе прочитаат дека моево пасхално размислување ќе им го посветам на парите. На таквите однапред им се извинувам што наместо да пишувам за возвишеноста на смртта и воскресението на Спасителот и за онтолошките импликации на истото ќе пишувам за една толку секојдневна и „реална“ тема како оваа. Секако, тоа не го правам без причина: за мене Велигден е празник на реалноста во најпотполната смисла на зборот, кој е онолку релевантен за мене како христијанин колку што е неразделен од секојдневието. Со други зборови, доколку „секој ден не е Велигден“, туку само еден ден во годината, своевиден ексцес во мирниот тек на деновите од годината – тогаш јас категорично одбивам да празнувам еден таков „празник“. (more…)
Posts Tagged ‘велигден’
Секој ден – Мамонден
Posted in Етички теми, Црква и општество, tagged велигден, капитализам, мамон, профит, сиромаштво on Април 24, 2014| Leave a Comment »
О, гуде, гуде! Од сега си – РИБА!
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged alhemija, crkva, алхемија, велигден, великиот пост, исповед, исповедање, молитва, пост, пости, православен пост, православни пости, причест, причестување, ispoved, ispovedanje, molitva, самоиспитување, црква, post, posti, pravoslaven post, pravoslavni posti, pricest, pricestuvanje, samoispituvanje, veligden, velikiot post on Март 9, 2008| 2 Comments »
Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес ни изгледа прилично иреално. Но да се претвори посната боранија во риба, а рибата веднаш потоа во прасе – е тоа е совршено реално и кој знае колку пати до сега ни пошло од рака да ја „погодиме формулата“.
Просто не ми се верува колку луѓе се живи убедени дека редот на велигденските пости изгледа отприлика вака: последната (а за поревносните, обично постарите госпоѓи, многу често и првата) седмица „се тера на вода“, после што следува причестување. Што се однесува до оној недефиниран вакум од пет седмици помеѓу – е тука алхемијата влегува во игра. Тие пет седмици, се ем пост (тоа никој не го оспорува) – ама во нив се јаде брате што ќе ти дојде до рака!
Додека живеев во Бугарија успеав да се запознаам и со уште еден сличен, но во секој случај „поумерен“ модел. Таму нема форсирање – прво само на вода (по можност и со тримир во пакет), па после прасетина и на крај пак вода – како кај нас. Таму е некако поискулирано – нема прасетина, нема ни „на вода“ – ама риба, млеко и млечни производи може колку сакаш. Кај ќе ти издржат они сироти без „Витоша“ и „Балкан“ кашкавал, или кисело млекце „На Баба“? А за прасетината не се толку емотивно врзани, така што повеќе им одговара некоја ваква компромисна варијанта… (more…)