(…) За жал, постои и втора варијанта, не помалку присутна во современото (па и не толку современото) православие. Наједноставно може да се окарактеризира како безрасудливо имитирање на западното христијанство (присвојување на готови шеми од Западот). Ваквиот пристап се согледува, на пример, во „православниот барок“, хетерофоничното црковно пеење, но и во обредноста и односот кон богословието. Во тој дух е формирано таканареченото „школско богословие“ (воглавно основано на прочуените исподеанија на верата на Кирил Лукарис, Митрофан Критопулос, или Петар Могила) карактеристично по тенденцијата кон табеларно подредување на учењето на Црквата и неговото сведување на дефиниции, цитати, формули и сл. Па така, на пример, таинствата на Црквата се сведени на „седумте свети тајни“, иако такво мистириолошко учење на православието му е тотално непознато сè до 13. век! „Света тајна“ станува технички термин, сосема оттргнат од својата светотаинска суштина – учествувањето на човекот во Христовата тајна на соединувањето на Бога и човекот. Примерите се премногубројни за да се набројуваат. Во суштина станува збор за препишување на цели параграфи од римокатоличките катихизиси и нивно безрезервно усвојување, или просто преформулирање, при што суштината си останува недопрена… (more…)
Posts Tagged ‘евхаристија’
Православието, Истокот и Западот (збунета перспектива) I
Posted in Современо богословие, Христијанска етика и аскетика, tagged aristotel, aristotelizam, beskvasen, cistiliste, аристотел, аристотелизам, бесквасен, византија, генерализација, евхаристиски живот, евхаристија, екуменски дијалог, епиклеза, запад, исток, контра, литургиски живот, мистика, мистично, отци, папа, платон, платонизам, православие, причест, причестување, ekumenski dijalog, epikleza, evharistija, evharistiski zivot, filiokve, filioque, generalizacija, istok, kontra, liturgiski zivot, misticno, mistika, рационално, рационалност, редовно причестување, свети отци, филиокве, чистилиште, otci, papa, platon, platonizam, pravoslavie, pricest, pricestuvanje, racinalno, racionalnost, redovno pricestuvanje, sveti otci, vizantija, zapad on Април 4, 2008| 2 Comments »
Ако е точно тврдењето на многубројните православни отци дека Хростос е над Истокот и Западот, од каде тогаш толку често сретнуваната безрезервна самоидентификација на православието со идејата за Истокот, доживеан како своевиден негатив на Западот? Како да постои некаква пубертетска зависност од христијанскиот Запад. Пубертетска – затоа што е по правило „контрашка“. Формулата за „пресметување“ на православниот став по определено богословско прашање доста често знае да гласи отприлика вака: за што и да се застапи Западот се множи со „минус еден“ и се добива православната вредност! Многу убаво!
Римокатолиците имаат филиокве, а ние немаме филиокве! Римокатолиците немаат епиклеза, ние имаме епиклеза! Они имаат папа, ние немаме! Они имаат чистилиште, ние немаме! Они имаат бесквасен леб, ние – квасен! Сега, да не се разбереме погрешно, ништо од сево ова не е неточно, ама духот на ваквата „контра-генерализација“ е длабоко навлезен во начинот на размислување на „источно-православниот“ богословски стил… (more…)
Евхаристиското просветителство на преподобен Кирил Пејчиновиќ – II дел
Posted in Отец Кирил Пејчиновиќ, Свети отци, tagged Кирил Пејчиновиќ, Лешочки манастир, Огледало, Утешение грешним, евхаристија, исихазам, коливари, просветителство, света гора, филокалиско движење, Pejcinovic on Јануари 22, 2008| 5 Comments »
Текстот е објавен во Премин, број 43/44
1. Основна карактеристика на богословието на преподобен Кирил Пејчиновиќ е бескомпромисната Христоцентричност – во неа сè е осмислено од Богочовекот. Неговата етика, толку истакнувана како единствена значајна тема, е до својата срж втемелена на Каменот, кој нејзините не малобројни проучувачи, толкувачи и критичари едноставно Го отфрлија и ја оставија да „лебди во воздух“. Во овој контекст, од пресудно значење е светоотечкото разбирање на етиката, кое на отец Кирил му било многу добро познато. Тоа ја поставува етиката секогаш во контекст на аскетиката, подвижништвото. Последното, како изразито динамично дејствие, секогаш подразбира искачување кон Прволикот, Образот (оттука доаѓа и етимолошкото и семантичкото значење на терминот образование), т.е. уподобување на Христа. Без овој аскетски елемент, кој е силно нагласен кај отец Кирил, етиката останува сосема обесмислена и обезличена, бидејќи безумно се ампутира, ни помалку ни повеќе, самата нејзина глава – Личноста на Богочовекот.
Ваквата атеистички разбрана етика, во себе го асимилира и просветителството, кое останува осмислено од неа самата – етиката со загубена смисла. Самиот игумен Кирил, пак, на просветителството гледа од сосема поинаква перспектива. Ако секуларистичката беше дводимензионална, површинска, тогаш Кириловата перспектива е изразито тридимензионална, а по својата насоченост – обратна, на што укажува и насловот на неговото најзначајно литературно дело „Огледало“. Таа е секогаш свртена од внатрешноста кон надворешноста, од суштината кон формата, од Христа кон светот. На тој начин, и најмалото делче од овој свет ја наоѓа својата смисла во Богочовекот и во пројавувањето на Царството во него.
Кириловото просветителство секогаш подразбира средба – средба со Самата Светлина на светот, разбрана во сета Своја ипостасна полнота како Слово Божјо. Тој природно ја подразбира едноипостасноста на Светлината и Словото. Единствено преку таа едноипостасност може да се проникне во смислата на науката и просветителството и нивната онтолошка поврзаност. Затоа, наведувајќи ги богомудрите зборови на светиот евангелист Јован Богослов: „Елици пријаша Его, даде им власт чадом Божиим бити, елици од Бога родишасја, а не от плоти и крви и похоти“ (Јован 1,12-13), последните зборови ги објаснува: „сиреч (односно) научених од духовних, а не од плотских… (и заклучува) – и зато треба да послушамо слово Божие“[1]. Тајната на раѓањето за вечен живот, т.е. Боговосинувањето, за него е реализирана во познанието на Словото Божјо – во теологијата, односно богословењето – словењето за Бога… (more…)
Евхаристиското просветителство на преподобен Кирил Пејчиновиќ – I дел
Posted in Отец Кирил Пејчиновиќ, Свети отци, tagged Кирил Пејчиновиќ, Лешочки манастир, Огледало, Утешение грешним, евхаристија, исихазам, коливари, просветителство, света гора, филокалиско движење, Pejcinovic on Јануари 21, 2008| 1 Comment »
Текстот е објавен во Премин, број 41/42
…колку силу имат свјатое причаштение и какво оружие ест на дајвола и какво во оставление грехов бивает и какво соединение с Богом и какво освјаштение, чак и обожение! (Отец Кирил Пејчиновиќ, Огледало)
1. Преподобен Кирил Пејчиновиќ е роден во православно христијанско семејство, во Теарце, Тетовско, околу 1770 година. Љубовта кон монашкиот подвиг и образованието ја стекнува често посетувајќи ги македонските манастири, од кои најзначајно влијание врз неговата понатамошна животна определба имал манастирот „Света Пречиста Кичевска“. Заедно со татко му Пејчин, по кого го добил презимето, и со чичко му заминува за Света гора атонска. Во манастирот Хиландар прима монашки потстриг, при што го добива името Кирил и бива ракоположен за јеромонах.
Оттаму доаѓа во Марковиот манастир, Скопско, каде игуменствувал осумнаесет години. Во 1818 година, откако повторно ќе го посети Хиландар и ќе земе благослов од отците, заминува во родното Теарце и набргу станува игумен на Лешочкиот манастир. Го обновува запустениот манастир, ги гради црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица, конаците и други придружни објекти. По дваесет и седум годишното игуменствување во лешочкиот манастир, во 1845 година, отец Кирил се упокојува во Господа.
Автор е на: Огледало (печатено во Будим, 1816), Житие на кнезот Лазара со паметник за обновата на лешочкиот манастир (1818), Утешение грешним (напишано во 1831, печатено во Солун, 1840); три писма до српскиот кнез Милош Обреновиќ (1832-1833) и стихуваниот епитаф (1835). Од големо значење за неговата биографија е и „дневникот“, кој го водел запишувајќи куси записи на ѕидовите и книгите во храмовите и манастирите кои ги посетувал… (more…)
Литургоцентричниот паламизам на свети Никола Кавасила
Posted in Византиска философија, Свети отци, tagged , Antipalamism, Antipalamite, Byzantine, Cabasilas, Григориј Палама, Кавасила, Кавасила антипаламит, Маендорф, Палама, Флоровски, Шмеман, антипаламизам, антипаламити, богословие, византија, евхаристија, литургиска обнова, литургија, неопатристичка синтеза, нетварни енергии, паламизам, православие, Gregorios Palamas, Holy Fathers, разумно познание, свети отци, Palamas, Palamism, Theology on Ноември 21, 2007| Leave a Comment »
Целото богомислие на Кавасила буквално дише со духот на паламизмот. Но, Кавасила при тоа не останува на спорната проблематика за божествените енергии – тој ја инкорпорира во својата мисла и продолжува да твори понатаму. Продолжува да твори во духот на истото предание од кое „паламизмот“ (како дискурзивно вообличен одговор на една хетеродиксија) се изнедрил. Тој не ја користи „стандардизираната“ паламитска терминологија, ниту пак се обрнува кон веќе сосема баналната проблематика на завршениот спор – тој просто го благовести паламизмот со еден друг, нему многу поприроден и поблизок јазик.
Јазикот на спорот беше јазик некарактеристичен за православното богословствување, тоа беше своевидно снисходење на опонентите, како би можело со нивниот јазик да се пренесе учењето на православните исихасти. Уверен сум дека ако сакаме да го запознаеме висинскиот Палама – ќе треба да ги прочитаме неговите беседи, искажани после спорот, во времето кога бил архиепископ на градот Солун. Тука неговото богословие се враќа во неговиот најприроден контекст – во литургијата. И тогаш станува забележлива една карактеристика која Палама и Кавасила ги прави неразделни еден од друг – богословието на беседите на Палама и богословието на За животот во Христа на Кавасила е во потполност единосуштно!
Токму Кавасила, на еден маестрален начин, тајноводејќи нè низ своите чудесни седум беседи за животот во Христа, успева да ја врати паламитската проблематика од преговарачките маси на литургискиот престол. Во тоа се состои и неговата генијалност. Ако паламитската синтеза успеа во дискурзивни поими да ја претстави теологијата вековно негувана во православното литургиско-аскетско предание – синтетизирачката работа на Кавасила се одвива во спротивна насока, истовремено правејќи еден значаен чекор понатаму. Тој ги применува основните заклучоци на учењето на Палама – врз самиот живот на Црквата, при тоа правејќи чекор кон една уникална нова синтеза на православното богословие: литургиската.