(…) За жал, постои и втора варијанта, не помалку присутна во современото (па и не толку современото) православие. Наједноставно може да се окарактеризира како безрасудливо имитирање на западното христијанство (присвојување на готови шеми од Западот). Ваквиот пристап се согледува, на пример, во „православниот барок“, хетерофоничното црковно пеење, но и во обредноста и односот кон богословието. Во тој дух е формирано таканареченото „школско богословие“ (воглавно основано на прочуените исподеанија на верата на Кирил Лукарис, Митрофан Критопулос, или Петар Могила) карактеристично по тенденцијата кон табеларно подредување на учењето на Црквата и неговото сведување на дефиниции, цитати, формули и сл. Па така, на пример, таинствата на Црквата се сведени на „седумте свети тајни“, иако такво мистириолошко учење на православието му е тотално непознато сè до 13. век! „Света тајна“ станува технички термин, сосема оттргнат од својата светотаинска суштина – учествувањето на човекот во Христовата тајна на соединувањето на Бога и човекот. Примерите се премногубројни за да се набројуваат. Во суштина станува збор за препишување на цели параграфи од римокатоличките катихизиси и нивно безрезервно усвојување, или просто преформулирање, при што суштината си останува недопрена… (more…)
Posts Tagged ‘литургиски живот’
Православието, Истокот и Западот (збунета перспектива) I
Posted in Современо богословие, Христијанска етика и аскетика, tagged aristotel, aristotelizam, beskvasen, cistiliste, аристотел, аристотелизам, бесквасен, византија, генерализација, евхаристиски живот, евхаристија, екуменски дијалог, епиклеза, запад, исток, контра, литургиски живот, мистика, мистично, отци, папа, платон, платонизам, православие, причест, причестување, ekumenski dijalog, epikleza, evharistija, evharistiski zivot, filiokve, filioque, generalizacija, istok, kontra, liturgiski zivot, misticno, mistika, рационално, рационалност, редовно причестување, свети отци, филиокве, чистилиште, otci, papa, platon, platonizam, pravoslavie, pricest, pricestuvanje, racinalno, racionalnost, redovno pricestuvanje, sveti otci, vizantija, zapad on Април 4, 2008| 2 Comments »
Ако е точно тврдењето на многубројните православни отци дека Хростос е над Истокот и Западот, од каде тогаш толку често сретнуваната безрезервна самоидентификација на православието со идејата за Истокот, доживеан како своевиден негатив на Западот? Како да постои некаква пубертетска зависност од христијанскиот Запад. Пубертетска – затоа што е по правило „контрашка“. Формулата за „пресметување“ на православниот став по определено богословско прашање доста често знае да гласи отприлика вака: за што и да се застапи Западот се множи со „минус еден“ и се добива православната вредност! Многу убаво!
Римокатолиците имаат филиокве, а ние немаме филиокве! Римокатолиците немаат епиклеза, ние имаме епиклеза! Они имаат папа, ние немаме! Они имаат чистилиште, ние немаме! Они имаат бесквасен леб, ние – квасен! Сега, да не се разбереме погрешно, ништо од сево ова не е неточно, ама духот на ваквата „контра-генерализација“ е длабоко навлезен во начинот на размислување на „источно-православниот“ богословски стил… (more…)
„Бог си го зеде Тоше“?! За животот, смртта, Бога и светоста
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged Проески, Тоше, Тоше Проески, бестрашност, вечен живот, духовен живот, живот и смрт, канонизација, литургиски живот, литургија, молитва, молитва за починатите, наречници, неизбежна реалност, одговорност, причина за смртта, проклето прашање, gjavol, kanonizacija, liturgija, ljubov, molitva, narecnici, свети, светител, слобода, смрт, страв, судбина, умре млад, упокоени, ѓавол, љубов, љубов кон Бога, љубов кон ближните, odgovornost, Proeski, sloboda, smrt, sudbina, svetitel, Tose, Tose Proeski, upokoeni, vecen zivot on Октомври 21, 2007| 2 Comments »
Ќе си дозволам повторно да се вратам на темата за трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоше Проевски – и тоа не без една многу конкретна причина. На еден куп форуми, во еден куп написи, дури и на вестите на телевизијата – беше поставено (и тоа ни најмалку случајно) прашањето: „зошто ова се случи“? Пазете, ова е суштинско животно прашање. Ова е прашањето за животот и смртта. Ако добро се замислиме – смртта е една неизбежна реалност, која ние можеме колку сакаме да ја игнорираме, но таа останува на сила. Повеќето од нас живееме под своевидна само-анестезија, го тргнуваме своето лице од оваа реалност, правејќи се дека – тоа нас не нè засега (барем не за сега). И повторно – сите нас, кај и да е, не затечува смртта на некој близок, сакан човек. И тогаш, одеднаш, како цунами ни налетуваат сите оние прашања кои толку долго сме си ги потиснувале и на кои насилно не сме сакале да мислиме. Што, пак, се случува ако неочекувано нè затече смртта на човек кој сите ние заедно сме го чувствувале како близок, ни бил мил, сме го сакале? Мислам дека токму такво нешто се случи пред некој ден. И тогаш над сите нас – се постави потиснатото проклето прашање за животот и смртта, а природно со него – и прашањето за Бога.
Залог за иднината на балканската поп култура
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged balkan, cool, darba, Проески, Тоше, Тоше Проески, балкан, балканска поп сцена, вера, дарба, дарби, живот и смрт, залог, имиџ, квалитет, литургиски живот, литургија, милосрдие, милосрдност, молитва, молитва за починатите, нормален имиџ, нормалност, подвиг, поп култура, поп сцена, kvalitet, liturgija, ljubov, milosrdie, milosrdnost, molitva, normalnost, семејство, слава, смрт, трагедија, традиција, труд, љубов, podvig, pop scena, Proeski, semеjstvo, slava, smrt, Tose, Tose Proeski, tradicija, tragedija, trud, upokoeni, vecen zivot, vera, zalog on Октомври 17, 2007| Leave a Comment »
Тоа што Digital Areopagus е во основа конципиран како богословски и философски блог, не значи дека темата на која пишувам последниве два дена е вон контекстот. Напротив – прашањата за животот е смртта, за младоста и успехот, за тагата и радоста – се фундаментални философски и аскетско-богословски прашања. Ако ние знаеме само да теоретизираме, но истовремено кога ќе се соочиме со реалноста на теоретизираното пред самите наши очи не знаеме што да правиме – тогаш нашата теорија е напразна. Христијанската философија и теологија извираат од самиот живот, на него се изградуваат со цел на самиот живот да му служат, да го објаснат, да го преобразат, да го облагородат и да го осветат. Затоа сакам и понатаму да пишувам за настанот кој деновиве сите силно нè потресе – затоа што сега, кога сме далеку поранливи и почувствителни отколку претходно, сме многу поспособни согледаме некои нешта кои постојано сме ги имале пред очи, но нашиот поглед просто поминувал низ нив, без вистински да ги допре.
Уникатноста на Тоше Проевски на македонската и балканската популарна музичка сцена се состоеше во неговата неверојатна „нормалност“. Имиџот на Тоше е неспоредлив со повеќето „дејци“ од таа сцена. Тој беше „од другата страна“ на ексцесите, бунтовништвото, болната сексуалност, травестијата, силиконите – и сè останато кое обично се користи како магнет за привлекување на публиката, особено за привлекување на градските снобовски кругови. Тој го победи балканскиот поп-кич со неговиот nice-guy имиџ. Но не е само имиџот во прашање – Тоше успеа да остане искрен со себеси: вкусувајќи ја славата (која за нашите балкански простори, искрено кажано, беше огромна), тој не го поплука своето детство, своето семејство, своето Крушево, својата Црква. Тој остана истиот. Сите негови пријатели, како оние од детството, така и оние од подоцнежните денови го сведочат тоа.