Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘мисија’

1526849_10201967099512964_1002715928_nokНеспорно е дека сме некултурни, невоспитани, необразовани, дека се восхитуваме на секаков евтин (и скап, понекогаш многу скап) кич, дека турските сапуници ни стануваат мерка за стварноста и вредностите, дека во кафаните ечи турбо-фолк, дека на празниците и свеченостите го оставаме зад себе и она малку достоинство што го имаме. Сето тоа е премногу очигледно. Прашањето што ме мачи е: дали ако тоа се промени ќе станеме навистина подобри? (more…)

Read Full Post »

zapalena-crkva.jpg

Уште пред да се случи прогласувањето на независноста на јужната српска покраина Косово и Метохија – си дадов збор дека барем некои десетина дена по собитието нема да напишам ниту збор по прашањето. Добро е човек малку да земе здив, да остави колку-толку да си легнат работите, па дури тогаш да опсудува и да предлага мислења. Се разбира, она за што ќе пишувам нема да бидат некакви специјални политички, економски и не знам какви анализи – ниту сум јас стручен за тоа, ниту блогов се занимава со наведените области – туку просто ќе се обидам да фрлам малку светлина на неколку клучни сегменти од целата приказна.

Првиот интересен момент, во секој случај, беше солидаризирањето на Римокатоличката црква и Светскиот совет на црквите со Србија. Ватикан јасно и гласно одби да ја признае самопрогласената независност на Косово. И тука може на долго и на широко да се „бистри“ и анализира – но едно е сигурно: Ватикан со ова направи многу битен чекор во насока на подобрување (или барем одржување) на дијалогот со православните (а особено со Руската Православна Црква)… (more…)

Read Full Post »