Кај нас за сè нешто знае да се крене галама. Онака по балкански, полуналудничаво и во некаков занес да се писка на сите страни за ова или за она, а потоа, откако ќе се изнавикаат и изнаплукаат – да влезат во хибернација и да чекаат прилика за некое следно себеизразување од сличен вид. Така се прават дебати, така се прават војни, така се градат и така се уриваат општествени системи (независно дали ќе стане збор за монархија, социјализам или демократија)… И колку македонскиот ѓоа-ми-ти евро-интелектуалец и активист да се „фура“ на Запад, на човекови права и слободи, на цивилизираност, на граѓанско општество – си останува „Балканец“ во душа. При тоа селективноста со која тој ја третира „балканштијата“ е уникатна – буквално сè она што има вредност се отфрла и се третира како „сељачко“, „шабанско“, „ретроградно“, „провинцијално“, додека реалните, особено психолошките „шабанизми“ – како комплексот на пониска вредност, комплексот на повисока вредност (како последица на претходниот), опсесивната склоност кон „модерното“, кон „напредното“ (спротивно на „заостанатото“), кон трендовите (а de facto кон кичот во сите можни и невозможни форми и пакувања) – поминуваат „на широка врата“! И да не набројувам понатаму – последната пројава на балканско-македонскава ни кич-прогресивна-идеологија е спорот (или поточно викотницата) околу псевдо-јуродивиот обид на некој психијатар пред пензија „да лечи хомосексуализам со хормонска терапија“. Што да речам? Соц-реализам VS. турбо фолк! (…) (more…)
Posts Tagged ‘морализам’
Апче против хомосексуализам?!
Posted in Етички теми, Христијанска етика и аскетика, tagged грев, морализам, турбо фолк, хомосексуализам, љубов on Февруари 16, 2009| Leave a Comment »