Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘паганизам’

image

Работите се отидени подалеку отколку што си мислев. Западот во потполност губи осет за религиска идентификација: атеистите тука се навистина атеисти и немаат никакво чувство на припадност кон верската заедница од која потекнуваат. Наспроти тоа, кај нас традицијата е моќна, па така човек може да биде „убеден атеист“, или коледарски/вевчанко-карневалски паганин – но тој се уште (макар и крајно површно и и на несоодветен начин) ќе се идентификува со православната Црква, ќе се застапува за неа, ќе ја чувствува како своја. (more…)

Read Full Post »

Низ иглени уши влегоа Германците во полуфиналето на ЕП во фудбал! Турците душата им ја извадија – покажаа страшно добра игра и само малку фалеше да победат…

Очигледно е дека, дури и еден фудбалски аналфабет, како што се доживував самиот до пред неколку дена, ќе се навлече на целата работа кога ќе се најде во Германија – просто воздухот си е таков. Секако, посебен „филм“ е да си тука кога Германците влегуваат во финалето и се на еден чекор од шампионската титула. Сепак, впечатокот кој го стекнав од германското навивање и целата атмосфера (пред сè како одраз на нивната сегашна култура и светоглед) – е жален, многу жален.

На почеток не можев да си ги дефинирам работите. Просто имаше некое непријатно чувство во воздухот, кое изгледа само јас го восприемав. Целата таа еуфорија чадеше од бесмисла, од некаков прикриен очај, кој не можев да си го објаснам. Во толпата влегов насмеан од уво до уво, пола час покасно (кога успеавме некако да се пробиеме низ неа) се чувствував најпросто кажано – многу тажно.

Какво беше целото тоа празнување? Што се празнуваше? Мене ми изгледа многу глупаво да поверувам дека единствената причина за тој собир, за целиот излачен адреналин и за еуфоричната радост на крајот – е просто тоа што дванаесетте растрчани Германци успеаја повеќе пати да ја бутнат топката во спротивниот гол, отколку што тоа можеа да го направат нивните турски колеги. Секако дека популарниот спорт си ја темели популарноста на многу повеќе фактори отколку само спортот, но сега нема да навлегувам во не знам какви психолошки, социјални и философки анализи. Она што тука ме интересира не е просто прашањето „зошто фудбалот е популарен“, туку попрво прашањето: „од каде доаѓа потребата на луѓето за вакво псевдо-празнично доживување на нештата како што е фудбалот“? (more…)

Read Full Post »

vevcanskikarneval1.jpg

Вчера прочитав два текста на тема „Вевчанскиот карневал“. Првиот беше објавен на блогот „Византиска Македонија“, додека вториот на блогот „Лотосот“. Самите текстови ми се видоа интересни, а исто и така и коментарите кои следуваа потоа. Прво ви дал кратко видување за прочитаното, а потоа би додал неколку дополнителни размислувања во врска со популарниот настан во Вевчани.

Двата текста го гледаат феноменот на „Вевчанскиот карневал“ од сопствена перспектива – едниот од ревносно-православна (категорично негативна), а другиот од историско-културолошка (со блага но нескриена доза на наклонетост и восхит). За едно нешто се сложуваат и двата текста – карневалот е во основа пагански обичај. При тоа, тешко дека на било кој начин би можела да му се додаде каква и да е црковно-сакрална димензија (независно од тоа што карневалскиот инвентар се чувал преку годината во селската црква).

Последното се објаснува со историското постоење на две спротивставени тенденции: од една страна – христијанизирање на паганството, а од друга – паганизирање на христијанството. Во дадениот пример очебијно станува збор за второто. Би се осмелил да кажам – секоја култура во историјата на човештвото се формира преку напнатоста на овие две крајности. Во секоја култура постојат и двата фактори – во поголема или во помала мерка… (more…)

Read Full Post »