Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘палење книги’

Ќе се надоврзам на една тема, која веќе ја имам начнато на блогов. Имено, тоа е темата за христијанството и антисемитизмот. Ќе се воздржам од било какви коментари, од најпроста причина што откако ќе ја прочитате предложената вест (која, колку за подсетување, опишува настан кој се случил пред неколку дена, т.е. на почетокот на XXI век), и самите ќе останете без зборови…

Студенти од еврејското религиозно училиште во израелскиот град Ор-Јехуда спалија на клада стотици Евангелија на градскиот плоштад пред Синагогата, соопштува весникот „Маарив“.

Според зборовите на градоначалникот Узи Аарон, под чие раководство било организирано спалувањето на книгите, акцијата е одговор на дејствијата на христијански мисионери, кои раздавале примероци од Четириевангелието и Новиот Завет на месните жители.

Аарон тврди дека добил многу оплакувања од жителите на градот. Тој го обиколил реонот во кој дејствувале мисионерите и преку мегафон побарал од народот да ги предадат книгите кои ги добиле од христијаните.

За тоа време студентите од религиозното училиште ги обиколувале куќите една по една и ги собирале Евангелијата, кои подоцна биле изгорени на клада во центарот на градот.

(Преземено од http://www.pravoslave.bg)

Read Full Post »