Posted in Уметност, Христијанска етика и аскетика, tagged asket, askeza, blagogovenie, detski crtez, аскеза, аскет, благоговение, грев, грешник, детски цртеж, живот, изложба, исповед, кавасила, казна, лествичник, лјубов, метаноиа, метаноја, награда, надеж, подвиг, подвижник, подвижништво, појакание, преумување, gresnik, grev, heidelberg, ispoved, izlozba, kavasila, kazna, lestvicnik, ljubov, metanoia, metanoja, nadez, nagrada, религиозен страв, религиозност кај децата, света тајна, свети никола кавасила, свети јован лествичник, свето таинство, слобода, смрт, страв, страв божји, судија, суета, хајделберг, љубов, podvig, podviznik, podviznistvo, pokajanie, preumuvanje, religiozen strav, religioznost ka decata, sloboda, smrt, strav, strav bozji, sudija, sueta, sveta tajna, sveti jovan lestvicnik, sveti nikola kavasila, sveto tainstvo, zivot on Ноември 11, 2008|
Leave a Comment »

Многубројни свети отци зборуваат за три нешта кои го поттикнуваат христијанинот на подвижнички живот: стравот од вечната казна, надежта на вечното блаженство и – љубовта. Свети Јован Летвичник вели дека првите две стапала се корисни само за почетниците, но дека целта е подвизувањето поттикнато од чистата љубов кон Христа. Свети Никола Кавасила предложува еден порадикален став – тој инститира на љубовта, подвлекувајќи ја суетата на претходните две. Тука се поставува прашањето – дали двете на прв поглед спротивставени позиции можат да бида усогласени или не?
Пред некоја седмица посетив изложба во еден храм во Хајделберг насловена како: „Уменост за животот и смртта“. Прилично морбидно за излоба на детски цртежи, нели? Но насловот не е ништо во споредба со она што беше изложено. Имено, изложеното јасно ја рефлектира нездравата претстава на тие деца не само за смртта, туку и за животот, црковноста, верата, добродетелта и т.н. Освен моменти од типот „напиши го сопствениот некролог“, или разлеаните часовници по скалите на амвонот – беше изложена една црна кутија, со димензии да речеме 80х80cm, со дупка од едната страна, а однатре обложена со црн сунгер. Кутијата се корсти на следниот начин: посетителот треба да ја стави главата во дупката (до крај, за да не влегува светлина од никаде) и да остане така некое време. Цел: да види колкава темница го чека ако биде лош. Кога го видов тоа буквално ми се стемни, и тоа без да ја бутам главата кадешто не и место… (more…)
Read Full Post »
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged аскеза, аскетика, божествена љубов, грев, истрајност, истрајноста како метод, пад, подвиг, подвижништво, ракомет, спорт on Декември 19, 2007|
Leave a Comment »

Финалниот натпревар на светското првенство во ракомет за жени помеѓу Русија и Норвешка ме стави на мисла за една во принцип доста поразлична работа од ракометот – православната аскетика. Немам некој особен интерес по спортските натпревари, но ова сепак беше финале, па некако ми го привлече вниманието. Признавам дека го изгледав натпреварот од почеток до крај со огромно внимание. Колку и да не се разбирам од спортов, една навистина воодушевувачка работа беше преочигледна – неверојатната подготвеност (како физичка така и психичка) и на едниот и на другиот тим. Тие беа подготвени на сè. Играта беше исклучително напната. Најважното: имаше одделни грешки во играта на двете страни, но немаше суштински промашувања. После секоја направена грешка – тие продолжуваа понатаму. Русија на почетокот на второто полувреме водеше со пет гола разлика, за десетина минути покасно Норвежанките да ја намалат разликата до само еден гол. Но тоа не беше причина професионалниот руски ракометарен тим да си дозволи општо опаѓање на играта. Напротив, контра-нападите се зачестија и разликата повторно се зголеми. Имаше тешки ситуации кога тимовите играа со играч помалку, но не опаѓаа со играта. Точно во моментите на криза и двата тима знаеја со сета сила да возвратат назад…
(more…)
Read Full Post »