Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘пост’

makedonska-posna-trpeza-24apteka-e1365853051542Овие денови влегуваме во оној дел од годината кога пријателството и дружењето силно се интензивираат, а гостопримстовото станува доминантна добродетел. Истовремено, започнува и повеќенеделниот божиќен пост, кој нас, православните христијани, не повикува на повлекување, воздржание и покајание. Се чини дека сме поставени пред избор: или ќе го избереме патот на постот и повлеченоста, или ќе го избереме патот на празнувањето и дружењето. (more…)

Read Full Post »

riba-gude.jpg

Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес ни изгледа прилично иреално. Но да се претвори посната боранија во риба, а рибата веднаш потоа во прасе – е тоа е совршено реално и кој знае колку пати до сега ни пошло од рака да ја „погодиме формулата“.

Просто не ми се верува колку луѓе се живи убедени дека редот на велигденските пости изгледа отприлика вака: последната (а за поревносните, обично постарите госпоѓи, многу често и првата) седмица „се тера на вода“, после што следува причестување. Што се однесува до оној недефиниран вакум од пет седмици помеѓу – е тука алхемијата влегува во игра. Тие пет седмици, се ем пост (тоа никој не го оспорува) – ама во нив се јаде брате што ќе ти дојде до рака!

Додека живеев во Бугарија успеав да се запознаам и со уште еден сличен, но во секој случај „поумерен“ модел. Таму нема форсирање – прво само на вода (по можност и со тримир во пакет), па после прасетина и на крај пак вода – како кај нас. Таму е некако поискулирано – нема прасетина, нема ни „на вода“ – ама риба, млеко и млечни производи може колку сакаш. Кај ќе ти издржат они сироти без „Витоша“ и „Балкан“ кашкавал, или кисело млекце „На Баба“? А за прасетината не се толку емотивно врзани, така што повеќе им одговара некоја ваква компромисна варијанта… (more…)

Read Full Post »

kolede.jpg

Во денешниот број на Дневник се појави текст кој за прв пат во Македонија на еден поодлучен начин го презентираше негативниот став на Црквата кон бадникарските традиции. Текстот беше насловен како: „МПЦ против прослава со пагански обичаи – Со ракија и огнови не се слави Божик“.

Бадникарските огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треба да ги одбележуваат деновите пред Божик, сметаат достоинственици на МПЦ. Митрополитот струмички Наум и митрополитот американско-канадскати Методиј, велат дека гозбите и пиењето околу коледарските огнови е во целосна несогласност со црковното предание и со божикниот пост.

„Бадник го славиме по пагански, а Божик, ако имаме сила да го славиме заради бадниковите теревенки, тоа го правиме по рисјански. Посната бадникова вечера, како претпразненство на големиот празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната Божествена литургија се заменети со литаниите на маалските огнови и култот на греената ракија. На тој начин се уништува убавината и раскошното предание на нашата празнична култура“ – потенцира епископот Методиј во својата колумна „Реставрација на традиции или реставрација на примитивизам“, објавена на интернет-порталот на МПЦ „Преминпортал“… (more…)

Read Full Post »