Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘разумно познание’

preobrazenie2.jpg

Целото богомислие на Кавасила буквално дише со духот на паламизмот. Но, Кавасила при тоа не останува на спорната проблематика за божествените енергии – тој ја инкорпорира во својата мисла и продолжува да твори понатаму. Продолжува да твори во духот на истото предание од кое „паламизмот“ (како дискурзивно вообличен одговор на една хетеродиксија) се изнедрил. Тој не ја користи „стандардизираната“ паламитска терминологија, ниту пак се обрнува кон веќе сосема баналната проблематика на завршениот спор – тој просто го благовести паламизмот со еден друг, нему многу поприроден и поблизок јазик.

Јазикот на спорот беше јазик некарактеристичен за православното богословствување, тоа беше своевидно снисходење на опонентите, како би можело со нивниот јазик да се пренесе учењето на православните исихасти. Уверен сум дека ако сакаме да го запознаеме висинскиот Палама – ќе треба да ги прочитаме неговите беседи, искажани после спорот, во времето кога бил архиепископ на градот Солун. Тука неговото богословие се враќа во неговиот најприроден контекст – во литургијата. И тогаш станува забележлива една карактеристика која Палама и Кавасила ги прави неразделни еден од друг – богословието на беседите на Палама и богословието на За животот во Христа на Кавасила е во потполност единосуштно!

Токму Кавасила, на еден маестрален начин, тајноводејќи нè низ своите чудесни седум беседи за животот во Христа, успева да ја врати паламитската проблематика од преговарачките маси на литургискиот престол. Во тоа се состои и неговата генијалност. Ако паламитската синтеза успеа во дискурзивни поими да ја претстави теологијата вековно негувана во православното литургиско-аскетско предание – синтетизирачката работа на Кавасила се одвива во спротивна насока, истовремено правејќи еден значаен чекор понатаму. Тој ги применува основните заклучоци на учењето на Палама – врз самиот живот на Црквата, при тоа правејќи чекор кон една уникална нова синтеза на православното богословие: литургиската.

(more…)

Read Full Post »

preobrazenie-rafaelo.jpg

Најголемиот дел од податоците кои ги имаме за свети Никола Кавасила и неговото богословие потекнуваат од малиот број студии на православни богослови од втората половина на 20-ти век. Токму ова богословско течение – суштински втемелено врз исихастичката богомислена традиција, а истовремено способно истата да ја благовести со јазикот на современата наука – го карактеризира Кавасила како типичен претставник на паламитското богословие. За секого кому богомислието на православните отци му е блиско и сопствено – ваквиот став е апсолутно очигледен (особено ако се земат предвид капиталните дела на Кавасила: За животот во Христа и Толкувањето на Светата литургија).

Поради тоа особено зачудувачка за мене беше средбата со една многу поразлична интерпретација на мислата на истиот свети Никола Кавасила, направена од страна на автори за кои може да се каже дека православното исихастичко предание не им е нешто особено блиско. Во секој случај, интересно би било да се каже нешто за римокатоличката рецепција на Кавасилиното богословие, но сепак тоа би го оставил за некој понатамошен текст. Сега конкретно би сакал да ја претставам „скандалозната“ позиција на грчкиот философ-византолог Јанис Димитракопулос, според кого свети Никола Кавасила бива окарактеризиран не просто како индиферентен кон паламизмот (што не ретко му бива припишувано), туку како 100% антипаламит, и тоа не обичен, туку – прикриен, „крипто-антипаламит“.

(more…)

Read Full Post »