Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘свети отци’

trojstvo.jpg

(…) За жал, постои и втора варијанта, не помалку присутна во современото (па и не толку современото) православие. Наједноставно може да се окарактеризира како безрасудливо имитирање на западното христијанство (присвојување на готови шеми од Западот). Ваквиот пристап се согледува, на пример, во „православниот барок“, хетерофоничното црковно пеење, но и во обредноста и односот кон богословието. Во тој дух е формирано таканареченото „школско богословие“ (воглавно основано на прочуените исподеанија на верата на Кирил Лукарис, Митрофан Критопулос, или Петар Могила) карактеристично по тенденцијата кон табеларно подредување на учењето на Црквата и неговото сведување на дефиниции, цитати, формули и сл. Па така, на пример, таинствата на Црквата се сведени на „седумте свети тајни“, иако такво мистириолошко учење на православието му е тотално непознато сè до 13. век! „Света тајна“ станува технички термин, сосема оттргнат од својата светотаинска суштина – учествувањето на човекот во Христовата тајна на соединувањето на Бога и човекот. Примерите се премногубројни за да се набројуваат. Во суштина станува збор за препишување на цели параграфи од римокатоличките катихизиси и нивно безрезервно усвојување, или просто преформулирање, при што суштината си останува недопрена… (more…)

Read Full Post »

lestvica1.jpg

Ако е точно тврдењето на многубројните православни отци дека Хростос е над Истокот и Западот, од каде тогаш толку често сретнуваната безрезервна самоидентификација на православието со идејата за Истокот, доживеан како своевиден негатив на Западот? Како да постои некаква пубертетска зависност од христијанскиот Запад. Пубертетска – затоа што е по правило „контрашка“. Формулата за „пресметување“ на православниот став по определено богословско прашање доста често знае да гласи отприлика вака: за што и да се застапи Западот се множи со „минус еден“ и се добива православната вредност! Многу убаво!

Римокатолиците имаат филиокве, а ние немаме филиокве! Римокатолиците немаат епиклеза, ние имаме епиклеза! Они имаат папа, ние немаме! Они имаат чистилиште, ние немаме! Они имаат бесквасен леб, ние – квасен! Сега, да не се разбереме погрешно, ништо од сево ова не е неточно, ама духот на ваквата „контра-генерализација“ е длабоко навлезен во начинот на размислување на „источно-православниот“ богословски стил… (more…)

Read Full Post »

crkva-svet3.jpg

(…) Една цела редица на свети отци, меѓу кои: свети Григориј Богослов, свети Јован Лествичник, свети Никола Кавасила – расудуваат по прашањето за тоа која е движечката сила во духовниот живот на христијанинот. И сите истакнуваат три – првата и најниската е стравот од Божјата казна, втората и не многу повисока е желбата за награда во вечното Царство и третата – и единствената вистинска, кон која сите треба да се стремат – љубовта. Љубовта е апсолутната причина за сè, бидејќи таа е единствената која самата нема причина. Вистинската љубов не се јавува како последица на некое претходно „поттикнувачко дејствие“ – токму таа е „поттикнувачкото дејствие“, кое ги предизвикува сите други конструктивни човечки дејствија.

Токму моделот кој за водечка сила ја има љубовта е типичен за најголемите меѓу светите отци на Црквата. Тие не знаат за страв, а спомнувањето на награда за нивниот подвиг е навреда за нив – сè што тие сакаат е да Му служат на Љубениот и на љубените. Тоа е врвот на слободата. Слободата без љубов – не е слобода, таа е суета, таа е изговор за нашите слабости, во кои до таа мерка сме се заљубиле што и ѓаволот ќе го наречеме бог само за да си го истераме своето.

Светите отци како свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст, свети Максим Исповедник – биле совршено слободни луѓе. Истите тие биле луѓето кои го покрстиле европскиот човек, неговата култура и мисловност – премудро избирајќи го сето она што од него можело формално да се прифати, но истовремено да ја промени суштината од паганска во христијанска, без при тоа да претставува опасност по самата христијанска вистина. Отците знаеле што да изберат, ги проучувале паганските философи и од нив „краделе“ сè што можело да се усогласи со христијанскиот светоглед и да биде од полза за растот на Црквата… (more…)

Read Full Post »

preobrazenie2.jpg

Целото богомислие на Кавасила буквално дише со духот на паламизмот. Но, Кавасила при тоа не останува на спорната проблематика за божествените енергии – тој ја инкорпорира во својата мисла и продолжува да твори понатаму. Продолжува да твори во духот на истото предание од кое „паламизмот“ (како дискурзивно вообличен одговор на една хетеродиксија) се изнедрил. Тој не ја користи „стандардизираната“ паламитска терминологија, ниту пак се обрнува кон веќе сосема баналната проблематика на завршениот спор – тој просто го благовести паламизмот со еден друг, нему многу поприроден и поблизок јазик.

Јазикот на спорот беше јазик некарактеристичен за православното богословствување, тоа беше своевидно снисходење на опонентите, како би можело со нивниот јазик да се пренесе учењето на православните исихасти. Уверен сум дека ако сакаме да го запознаеме висинскиот Палама – ќе треба да ги прочитаме неговите беседи, искажани после спорот, во времето кога бил архиепископ на градот Солун. Тука неговото богословие се враќа во неговиот најприроден контекст – во литургијата. И тогаш станува забележлива една карактеристика која Палама и Кавасила ги прави неразделни еден од друг – богословието на беседите на Палама и богословието на За животот во Христа на Кавасила е во потполност единосуштно!

Токму Кавасила, на еден маестрален начин, тајноводејќи нè низ своите чудесни седум беседи за животот во Христа, успева да ја врати паламитската проблематика од преговарачките маси на литургискиот престол. Во тоа се состои и неговата генијалност. Ако паламитската синтеза успеа во дискурзивни поими да ја претстави теологијата вековно негувана во православното литургиско-аскетско предание – синтетизирачката работа на Кавасила се одвива во спротивна насока, истовремено правејќи еден значаен чекор понатаму. Тој ги применува основните заклучоци на учењето на Палама – врз самиот живот на Црквата, при тоа правејќи чекор кон една уникална нова синтеза на православното богословие: литургиската.

(more…)

Read Full Post »

preobrazenie-rafaelo.jpg

Најголемиот дел од податоците кои ги имаме за свети Никола Кавасила и неговото богословие потекнуваат од малиот број студии на православни богослови од втората половина на 20-ти век. Токму ова богословско течение – суштински втемелено врз исихастичката богомислена традиција, а истовремено способно истата да ја благовести со јазикот на современата наука – го карактеризира Кавасила како типичен претставник на паламитското богословие. За секого кому богомислието на православните отци му е блиско и сопствено – ваквиот став е апсолутно очигледен (особено ако се земат предвид капиталните дела на Кавасила: За животот во Христа и Толкувањето на Светата литургија).

Поради тоа особено зачудувачка за мене беше средбата со една многу поразлична интерпретација на мислата на истиот свети Никола Кавасила, направена од страна на автори за кои може да се каже дека православното исихастичко предание не им е нешто особено блиско. Во секој случај, интересно би било да се каже нешто за римокатоличката рецепција на Кавасилиното богословие, но сепак тоа би го оставил за некој понатамошен текст. Сега конкретно би сакал да ја претставам „скандалозната“ позиција на грчкиот философ-византолог Јанис Димитракопулос, според кого свети Никола Кавасила бива окарактеризиран не просто како индиферентен кон паламизмот (што не ретко му бива припишувано), туку како 100% антипаламит, и тоа не обичен, туку – прикриен, „крипто-антипаламит“.

(more…)

Read Full Post »

palama.jpg

Четиринаесеттиот век е можеби епохата од постоењето на Источното ромејско царство (технички именувано како Византија) за кој може да се каже дека се наоѓа во центарот на вниманието на философската и богословската византологија од последните 50-тина години. Станува збор за исклучително динамичен период, определен предимно од две големи движења – паламизмот и богословската дебата со западните христијани.

За амблематичната личност на епохата, поставена речиси секогаш во центарот на вниманието на истражувањата (особено кога станува збор за истражувања од областа на православното богословие) – бива определен свети Григориј Палама, светогорски монах исихаст, а подоцна и солунски архиепископ. Во огромна мерка сите настани, движења и личности биваат поставувани и гледани токму во контекстот на Палама и неговото учење. Сепак, определувањето на цел еден век (ако не и повеќе) според мерката на личноста на еден теолог (па нека да е тој и најголемиот теолог на Византија) – е некако пренагласено. Со еден, можеби малку банален пример ќе се обидам да објаснам за што поточно станува збор.

(more…)

Read Full Post »